Како правилно да држите диета?

Кога ќе се спомне зборот „диета“ речиси секој помислува на живот без храна…

Во пракса диетата треба да биде правилен режим на исхрана, без исцрпување и лишување од омилената храна до крајните граници така што може да го загрози здравјето. Важно е да не се одрекувате од ниту една група продукти, само во се што земате, да бидете умерен.

Исто така, мора да ги имате на ум следните правила:

  1. Водете дневник на исхраната! (така полесно ќе го контролирате внесувањето на производи во текот на денот).
  2. Чувајте се од стрес (ова е мошне важен фактор за прејадување).
  3. Решете се од уморот, емотивните дилеми и здодевноста (кога сме изморени и правиме лош избор на храна, а истото важи и за ситуациите кога имаме вишок време. Прејадувањето може да биде поврзано и со нашата моментална емотивна состојба).
  4. Не го исцрпувајте организмот (не прескокнувајте оброци и редовно внесувајте течности).
  5. Приуштете си себе си мали задоволства (иако сте на диета, можете да си дозволите себе си повремено да го изедете омилениот десерт или да испиете сок).
  6. Вежбајте и бидете истрајни (редовното занимавање со физичка активност ќе ви го олесни враќањето во форма, а за подобри резултати пред или по тренингот можете да се напиете некој газиран пијалак со шеќер. Ваквите пијалаци ќе ве направат поиздржливи и ќе ви дадат повеќе енергија за време на тренингот).