Како правилно да ги исперете зимските јоргани и јакни?

Иако перењето на зимските јакни и топлите јоргани го правиме ретко, сепак тоа треба да се направи внимателно за следната сезона да бидат подготвени за употреба.

Тајната за добро испраните јакни полнети со пердуви, како и за јорганите со истиот полнеж се крие во повторувањето на испирањето.

Имено, остатоците од детергентот што се задржуваат на пердувите во голема мерка ја намалуваат способноста на полнежот да се полни со воздух и затоа јакната станува како залепена. А токму таа способност за задржување на воздухот е она што овие предмети ги прави толку топли.

Од друга страна, проблемот со јакната или со јорганот е во тоа што тежината при перењето не се распоредува рамномерно па затоа е тешко машината ефикасно да ги испере и потоа да ги исуши.

Затоа, пред се важно е никогаш да не ја преоптоварувате машината за перење и да не додавате било што заедно со јакната за перење, а по перењето да вклучите барем уште едно сипирање. Кога ќе се исуши вашата јакна ќе биде како нова.