Како правилно да ја нанесувате хидратантната крема?

Џоана Варгас се грижи за изгледот на многу славни актери и таа наведува специфичен процес на нанесување на хидратантната крема.

Хидратантната крема потребно е да ја нанесувате во кружни движења, започнувајќи од образите па кон другите делови од лицето. Кружните движења директно резултираат со задржување на еластичноста на кожата.

„Периодичното нанесување во текот на денот помага најмногу при одржувањето на добриот изглед на кожата на лицето, но мора да се прави на чисто лице. Важно е и да ја пронајдете вистинската крема за вашето лице и истата да биде со заштитен фактор“ – вели Варгас.

Заштитниот фактор покрај правилното нанесување на хидратантната крема ја спречува појавата на брчки.