Како правилно се нанесува течната пудра?

Иако сте можеби сигурни дека правилно ја нанесувате течната пудра, сепак прочитајте ги советите, како и на кој начин да постигнете совршен тен.

Пред се кога бирате пудра, немојте да го испробувате на раката, туку нанесете ги различните нијанси на брадата. Секако за да проверите која пудра ви одговара мора да имате добро осветлување и огледало. Немојте да ги слушате другите, освен ако не се многу постручни од вас.

Пудрата во никој случај не би требало да биде премногу видлива на вашата кожа, па така и изберете ја. Понекогаш е потребно да изберете две различни нијанси пудра, посветла и потемна, затоа што тенот на лицето може да ви биде во различна боја, особено во текот на летото, па на некои делови ќе ви биде потребна посветла, а на некои потемна нијанса.

Морате да обрнете внимание и на типот на вашата кожа. Ако имате мрсна кожа, мора да котистите течна пудра во комбинација со камена пудра. Ако имате сува кожа, морате пред нанесувањето на пудрата да нанесете добра хидрататнтна подлога, а за нормалната можете да ја употребите пудрата што најмногу ви се допаѓа.

За нанесување на пудра задолжително треба да користите широка четка. Кога ја нанесувате, правете го тоа со движења надолу за да не ги затворите порите и за пудрата да биде незабележлива. За вашата кожа да изгледа беспрекорно, полека со четка натапкајте ја пудрата на лицето и никако немојте да ја мачкате. Почете од носот, средината на челото и брадата, а потоа преминете на образите и на остатокот на лицето. Внимавајте да не претерате кога нанесувате пудра во прав. Нанесете го само на Т-Зоната и тоа во мали количества, затоа што на тие места пудрата најпрво се брише.