Како Путин ја спасил својата професорка од сиромаштија?

Кога рускиот претседател Владимир Путин дознал дека неговата наставничка Мина Јудитска живее тешко и купил апартман во Тел Авив во знак на благодарност.

Израелката Мина Јудитска денес удобно живее благодарение на нејзиниот некогашен ученик. Оваа бабичка од Русија емигрирала во Израел во 1973, а пред тоа предавала германски јазик во Ленинград.

Се започнало кога бабичката што денес има 95 години, во 90-тите на телевизија го видела својот ученик. Петнаесетгодишниот Владимир кому таа во 1968-та му предавала германски јазик, стоел до претседателот на Русија, Борис Јелцин како прв човек на руската разузнавачка служба. Во април 2005-тата кога Путин веќе со години бил на чело на Русија, Јудитска прочитала дека тој панира да го посети Израел.

Истрчав во амбасадата и реков: „Само сакам да го видам мојот ученик“.

Пред неговото доаѓање, Јудитска била контактирана од Конзулатот за да достави одредени податоци и и рекле дека ќе ја земат со такси.

putin-profesorka

Влегов во автобусот и не однесоа во Ерусалим. Кога стасавме во неговиот хотел, сите светла беа вперени во мене. Новинарите ме опколија, ветераните почнаа да ракоплескаат… Владимир ми пријде и ме покани на чај. Си помислив: Навистина чудно, затоа што веќе седевме на маса…

За време на разговорот, кој траел 40 минути Јудитска кон еден од најмоќните светски лидери се однесувала исто онака како што се однесувала кога тој бил средношколец.

Говорев, тој молчеше… „Погледнете, оќелавев“, ме прекина кратко.

Гледам, му одговорив, а оваа средба беше проследена од сите светски медиуми.

Немав омилени ученици додека работев како професор по германски јазик во Училиштето 281 во Ленинград. А владимир беше скромен, осамен, тивок, доста сериозно и доста внимателно момче. Никогаш не беше немирен, се присеќа таа.

putin-profesorka-1

Освен стан, лидерот на Русија и подарил на професорката и уникатен часовник, како и книга со неговиот потпис.

Путин е доста благодарен и пристоен човек. Во новиот стан долго плачев и се присеќав на минатите денови, рече на крај Јудитска.