Како „Шарли Ебдо“ го одбележа нападот во Брисел?

Француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ на својата интернет страница објави карикатура за терористичките напади во Брисел.

На цртежот се прикажани тројцата осомничени напаѓачи како го туркаат багажот кон аеродромот. Цртежот го прикажува кадарот од фотографијата од безбедносните камери.

sharli-brisel

Последниот разговор пред нападот. Ти до прозорецот или на патеката?, гласи текстот на карикатурата, со кој што весникот сатирично ги прикажува „пазарењето на терористите“.

Весникот е познат по острата сатира, а неговите карикатури беа причина за нападот врз редакцијата од 7-ми јануари 2015-тата година кога загинаа 12 лица.