Како СДСМ ја втурна Македонија во хаос?

Политичката криза во земјава денеска кулминираше во хаотична состојба и обид за државен удар, откако СДСМ, како и што најави, спроведе насилен и нелигитимен избор на претседател на Собранието, што пак,  предизвика тензии и конфликтна ситуација. Народот кој секојдневно протестира на скопските улици, не дозволувајќи спроведување на Тиранската платформа и изигрување на Уставот и демократијата, влезе во македонскиот Парламент.
Засега исходот е неколкумина повредени граѓани, повредени пратеници на СДСМ, меѓу ки Зоран Заев, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Радмила Шеќеринска и други, а лесно повреден е и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Настаните почнаа да се редат откако денеска, спротивно од Деловникот и собраниските процедури, без точката да биде ставена на гласање, СДСМ и албанските пратеници го поставија Талат Џафери за претседател на Собранието.

Претходно, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска за првпат зборуваше на конститутивната седница во Собранието. Тој посочи дека мнозинството има обврска да го деблокира Собранието.

Mнозинството ќе избере претседател во оваа сала, во друга сала на скалите на ова Собрание ако треба, во амфитеатар на Правниот факултет, во МАНУ. Заврши времето кога можевте да ги кршите Уставот и законите, немате мнозинство во Собранието не сте ни 51 пратеник. Ние имаме мнозинство од 69 пратеник! Ако не престане ова насилство од малцинството во Собранието, ќе се избере спикер во друга сала – изјави Заев.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, од говорница го замоли Заев да не се обидува да изберат претседател надвор од процедурите.

Господине Заев се обидовте со убави зборови да упатите многу закани од ова Собрание. Јас сакам искрено да ве замолам да не се обидувате да го одземете основното право на пратениците на говор. Знаете зошто? Заради тоа што одземање на правото на говор на пратеник, значи одземање на право на говор на народ кој гласал- прва работа. Втора работа, да ве замолам многу искрено и многу човечки да не се обидувате да направите државен удар, истакна  Димовски.

Тој, исто така, посочи дека Заев да не се залажува дека избор на претседател на Собрание, надвор од процедурите и надвор од оваа сораниската сала ќе направи добро за Македонија.

Ве замолувам да разберете дека нити тој претседател ќе биде аирлија претседател, нити таа Влада ќе биде аирлија Влада, заради тоа што на таков начин ќе ја дотолчите и ќе ја дотерате до крај поделеноста која што и ден денеска, за жал, е на високо ниво во Македонија, подвлече Димовски.

Можам да разберам, рече Димовски обраќајќи му се на Заев, дека сте под притисок на многу луѓе кои што се надеваат на функции и на позиции, но вие ја носите одговорноста.

-Затоа што ако пратениците не зборат, не дај боже, ќе дојде време народ да зборува, а тоа не е добро ни за вас, ни за нас, ни за некој друг. Тоа ќе направи најголема штета за Република Македонија, потенцираше Димовски.

 

Пратениот Антонио Милошоски, додаде дека во Македoнија 60 дена имаме маса на народ кој што протестира и е незадоволен. Има една многу поларизирана ситуација и најмалку што треба да се направи е било како чекор надвор од Деловникот и надвор од законите.

-Кога господинот Заев за прв патпобара збор да се обрати тука до пратениците имавме малку надеж дека ќе каже дека ја отфрли Платформата заверена во кабинет на премиер на туѓа држава. Имавме малку надеж дека ќе упати апел до пратениците до победничката коалиција да ја дадат наивната поддршка ако има желба за власт, само со цел Република Македонија да не биде уценета и редефинирана, нагласи Милошоски.

Тој на Зоран Заев му порача доколку тој е уценет да не ја уценува цела Република Македонија.

-Ако сте вие заложник на некаков направен постизборен договор или на некој судски случаи немојте Република Македонија да ја ставате во заложништво. Влогот во оваа држава на секој политичар, посебно на претседателите на политички партии е многу голем за личните амбиции, фрустрации и несотварени цели да бидат причина и повод за дополнителни ризици, нестабилност и поделба во државата додаде Милошоски.

Додека ВМРО-ДПМНЕ ја пееше македонската химна во Собранието, коалиционите партнери на СДСМ- ДУИ, Села и Беса седеа.

Коалиционите партнери на СДСМ кои и претходно во неколку наврати изјавија дека не ја почитуваат химната и сакаат да ја сменат, а впрочем тоа е и дел од Тиранската платформа, само седеа на столчињата.

Зеќирија Ибрахими, пратеникот од редовите на БЕСА, денешната жестока Собраниска седница, пак,  ја заврши со пеење на албанската химна од говорница.

Тој посочи дека Албанците имаат своја химна, а не македонската која претходно ја пееја пратениците од ВМРО-ДПМНЕ барајќи избори.

Испровоцирани од обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој од собраниската говорница порача дека со албанските партии ќе избереле претседател на Собранието во друга сала, а ако требало и на скалите на Собрание, граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ му порача:

Заев, директно до тебе:

Не ни помислувај да одиш против народот. Не ни помислувај да одиш против Деловникот и Уставот.

А ако помислиш, ако помислиш да одиш против најголемите граѓански протести во историјата на Македонија… народот ќе зборува. Многу погласно отколку досега. Бидејќи народот е газда во сопствената држава.

Па, повели, пробај.

Untitled

Откако претседавачот Трајко Вељановски го прекина 20. продолжение на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија претениците од СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ и албанските партии останаа во пленарната сала.

Потоа најстариот присутен пратеник Ферид Мухиќ, како што рече, го презема претсседавањето со седницата и веднаш потоа таа должност му ја предаде на Горан Мисовски од НСДП. Мисовски ги повика присутните пратеници да гласаат за преминување на четвртата точка од дневниот ред-избор на претседател на Собранието. Откако констатира дека, како што рече, добил поддршка од 66 пратеници кажа дека го става предлогот Талат Џафери да биде избран за претседател на Собранието на гласање.  Мисовски рече дека неговиот предлог добил поддршка од 61 пратеник и објави дека Џафери  е избран за претседател на Собранието. Талат Џафери потоа им се обрати на пратениците на албански јазик.

Дел од пратениците се собраа и пред говорницата и кај местото на Трајко Вељаноски. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ стоејќи пред собраниската говорница извикуваа „ова е пуч“ и ја пееја македонската химна.

udar-640x399-1-640x399

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски ги охрабрува граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието и нема да дозволи спорведување на Тиранската платформа.

Тука сме во Собрание, сплотени, одлучни и решителни за одбрана на химната, Уставот, и изборната воља на граѓаните на Македонија!
Да живее!!! Македонија.
Истовремено учесници на протестот „За заедничка Македонија“ кои беа пред Собранието влегоа во собраниската зграда.

 

taljat-640x480

 

Гневот на народот еруптираше откако СДСМ и албанските партии, насилно поставија претседател на Собранието, пратеникот на ДУИ, Талат Џафер,  спротивно од Деловникот и собраниските процедури, без точката да биде ставена на гласање.

Граѓаните влегоа во Собранието на Република Македонија откако е избран Талат Џафери за нов Претседател на Собранието. Народот влегува во СОбранието по државниот удар од СДСМ и албанските партии. 
DSC_36651-640x427
DSC_37111-640x427
DSC_37241-640x427
DSC_37461-640x427
DSC_37551-640x427
DSC_37631-640x427DSC_37771-640x427

Последните информации се дека има седум лица со повреди на главата и едно со повреда на колено кои се примени вечерва на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (Градска болница).

Медиумите  објавија фотографии и видеа од раскрвавени лица на Зоран Заев и Дамјан Манчевски, а повредени биле и Максим Димитриевски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов и други…

Од МВР, пак, соопштија дека се повредени десетина полицајци.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преку социјалната мрежа Фејсбук повика на присебност и смирување на страстите, по инцидентот во Собранието.

Предмалку се обрати и претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој повика на смиреност и да не се подклекнува на лажни провокации.

Оваа состојба може да се надмине само преку почитување на правниот поредок на Република Македонија, нема прашање кое не може да се реши преку дијалог, рече Иванов.

Тој ги повика сите лидери на парламентарните партии утре да дојдат во неговиот кабинет на лидерска средба за настанатата состојба.