Како се бакнувате ако сте овој хороскопски знак….

Бакнувањето секогаш не опушта и релаксира, не прави посреќни и повесели. Едноставно уживаме кога се бакнувате со нашите партнери/ки. Долги или кратки, слатки или скокотливи. Сите бакнежи се интересни, романтични и неодоливи.

Овен

Вашите бакнежи се кратки, но многу слатки. Во секој бакнеж внесувате голема страст која предизвикува големо задоволство и кај двајцата. А, тогаш кога бакнежот станува најсладок, вие го прекинувате.

Бик

Вие целосно се внесувате во бакнежот. Вашите бакнежи се сочни и многу, многу долги. Секој ваш бакнеж го исполнува вашето, а и срцето на вашиот партнер/ка.

Близнаци

Вашите бакнежи ги прекинувате со насмевка или нежно гризење. А многу често знаете бакнежот да го прекинете со шала или некој необичен коментар.

Рак

Вашите бакнежи се топли и нежни. Многу сакате да се бакнувате, па затоа на ништо не му дозовлувате да го прекине вашиот дооолг бакнеж.

Лав

Диви, интересни, необични бакнежи се типични за лавовите. Вашите бакнежи се цел филм од обично бакнување, до скокоткање, грицкање, галење.

Девица

Вие сте многу педантни, па затоа и вашите бакнежи се кратки и многу чисти – нема многу лигавење кај вас. Затоа вашиот партнер/ка можеби понекогаш ќе се пожали дека тоа за него/нејзе едноставно не е бакнеж.

Вага

Вие премногу се грижите за тоа дали ви се чисти забите или случајно да не ви мириса лошо здивот, затоа не можете целсно да се внесете и опуштите при бакнувањето. Едноставно преокупирани сте со гумата за џвакање. Заборавете на се што ве мачи, опуштете се и уживајте во бакнувањето.

Скорпија

Вие понекогаш знаете и да ги прескокнувате бакнежите, зашто многу повеќе уживате во галењето и гушкањето. Сепак, вашите бакнежи се страсни, долги и многу романтични.

Стрелец

Вашите бакнежи се многу спонтани. Многу често знаете и да го изненадите партнерот/ката со некој ваш неочекуван бакнеж. А токму таквиот бакнеж создава желба, за уште еден, па уште еден, уште многу, многу други.

Јарец

Вашите бакнежи се најубави и значат целосно опуштање по некоја нервозна ситуација или караница. Вие сакате кратки, но вкусни бакнежи.

Водолија

Најчесто се бакнувате со отворени очи. Вашите бакнежи се сооочни, па затоа многу често знаете и да се излигавите.

Риба

Сите ваши бакнежи се долги, исполнети со многу љубов и романса. Понекогаш се бакнувате со отворени очи, но ако тоа го направи и вашиот партнер/ка што тогаш!?