Колку заработува од нафтата Исламската држава?

Со заземањето на Мосул и провинцијата Саладин, припадниците на ИСИЛ дојдоа до имотот на ирачките и сириските нафтени простори.

Министерството за нафта на Ирак проценува дека со илегалниот извоз на нафта, Исламската држава дневно заработува два милиони долари, кои ги користи, пред се за купување на оружје.

Скоро 60 отсто од сириските производствени нафтени капацитети и неколку нафтени полиња во Ирак сега се под нивна контрола. Следно на мета е заземањето на рафинеријата во Баија, северно од Багдад, која веќе е нападната од страна на ИСИЛ.

„Секој ден заработуваат по два милиони долари. Тоа е огромна сума. ИСИЛ тие пари може да ги користи за ширење на своите сили. Терористите парите ги корстат за да продолжат со борбата против ирачкиот народ“, истакнува експертот Хусеин Аллави.

Наплаѓање на данок

Нафтата од заробените рафинерии и нафтени полиња завршува на црниот пазар во пограничните подрачја со Турција и Иран. Аллави тврди дека Исламската држава воспоставила сопствеништво на црниот пазар.

Дневно околу 210 цистерни криумчарат нафта од Ирак, најчесто во Турција. Цената за шверцуваната нафта се движи од 10 до 25 долари по барел, додека пак, цената на сировата нафта на светскиот пазар изнесува 100 долари по барел.

Освен шверцот на нафта, групата на Исламската држава на заземените подрачја наплатува и данок. Секој голем камион кој превезува роба и влегува во Мосул мора да плати данок од 400 долари, малите камиони 100 долари, а автомобилите 50 долари.