сабота, 29 јули 2017  |  Вести денес: 22

Како се негува Божикното цвеќе?

Кога Божикното цвеќе ќе прецвета, треба да го преместите во малку постудена просторија и да престанете да го налевате. Сепак, по периодот на мирување, ова цвеќе ќе биде подготвено за новата сезона ако го негувате правилно.

bozikno-cvekje-1

Поврзани вести

Кога Божикното цвеќе ќе прецвета, треба да го преместите во малку постудена просторија и да престанете да го налевате. Сепак, по периодот на мирување, ова цвеќе ќе биде подготвено за новата сезона ако го негувате правилно.

Додека цвета, растението треба да го чувате во малку постудена просторија на температура од 12 до 14 степени целзиусови, затоа што во потопла просторија брзо ќе прецвета.

Растението го бара најсветлото место (на прозорецот) и влажен воздух, а тоа се однесува на централното греење каде температурата е повисока. Кога ќе прецвета, односно кога ќе и отпадне цветот, растението можете да го префрлите во малку постудена просторија. Најпогодната температура е од 10 до 12 степени. Тогаш престанувате да ја налевате, па растението ќе ги отфрли лисјата, што значи ќе настапи мирување.

Во април растението треба да се пресади во свежа, хранлива земја со 15 отсто чист речен песок.

bozikno-cvekje-2Кога ќе го пресадувате цвеќето, добро е гранчињата да ги скратите на должина од околу 10 сантиметри. Местото каде што сте го исекле цвеќето запрашете го со дрвен јаглен или запечатете го со восок од запалена свеќа, за да не истече млекото. Ако истече млекото од растението, тешко дека тоа повторно ќе цвета.

На пресаденото растение обезбедете му светлина и топло место, во близина на прозорец или на прозорецот, а на почетокот налевајте ја внимателно. Кога ќе почне да пушта нови гранчиња залевајте ја обилно и тоа секогаш со млака вода.

Кон крајот на јуни можете да ја изнесете надвор на сончево место. Со оглед на тоа дека растението е во полн раст, секои 15 дена треба да го потхранувате. До есен таа ќе пушти цврсти гранчиња. Кога ќе натсапат постудените денови, растението треба да го внесете во потопла просторија, на полна светлина на прозорецот.

Еуфорбија е растение со краток ден, што значи дека цвета кога денот е пократок од 12 часа. Ако просторијата каде што е сместено растението се осветлува подолго од 12 часа нема да процвета.

Поради тоа, цвеќето мора да го чувате во соба во која „денот е пократок“ се додека не се развијат цветовите.

Најчитани вести