Како се прават извештаите платени од СОРОС?

СОРОС Македонија чиј прв човек е Владимир Милчин, поранешен функционер на СДСМ, под знамето на слободи, е прв кој ја руши слободата и загрозува медиумите, пишува порталот Курир.

Деновиве пишувавме за огромните суми на пари кои од касата на СОРОС се префрлаат кај медиумите блиски до опозицијата. Таквата поставеност отвора простор за сомнеж дека со ваква корупција се гради соработката меѓу СОРОС и СДСМ, преку медиумите чија главна задача е да ја критикуваат власта безусловно.

Буџет од 5.200.000 евра со колку што располагал СОРОС лани, во најголем дел е насочен кон креирање на негативно мислење кон Владата. Во голем дел е насочен кон пишување на извештаи кои се нереални, а се финансирани со пари од ова организација.

Шемата е едноставна. СОРОС на глобално ниво како организација финансира голем дел од меѓународни организации кои се занимаваат со рангирања на слободите и правата во државите. Познато е дека Интернационалниот СОРОС ги финансира организации како што се Репортер без граници, Фридом хаус. Ова значи дека СОРОС остварува влијание и ја дава на располагање својата мрежа на испостави, што во Македонија е раководена од страна на Владе Милчин кој е извршен директор на Институт Отворено Општество односно во јавноста попознат како СОРОС Македонија.

Тоа значи дека СОРОС на Владе Милчин е организацијата која препорачува луѓе, кои веројатно со својот огромен буџет и скапо ги плаќа, и ги брифира меѓународните организации според својот агол на гледање на работите, во процесот на правање на своите извештаи.

Јавна тајна е дека во пишувањето на повеќето извештаи на кои се рангира слободата, состојбата со медиумите се пишувани од Македонија токму од луше кои се платени од СОРОС.

Иако во голем дел од случаите, пишувачите на таквите извештаи се држат во тајност, очигледно со цел да не се сруши релевантноста на истите, но во медиумите се вртеа имињата на Борјан Јовановски, Ацо Кабранов, уредничката на Фокус, исто така има и случаи каде се објавени јавно и поврзаноста е очигледна.

Последен пример беше со извештајот на Фридом хаус, каде се испостави дека новинар од медиумите на СОРОС го пишува извештајот на Фридом хаус, а сопствените анализи ги поткрепува со извештаи на медиумите и невладините кои се повторно финансирани од СОРОС.

Извештајот бележеше пад на индексот на слободата на медиуимите и пораст на корупцијата.

Извештајот го пишувала Љубица Гроздановска Димишкова. Кругот во кој работи СОРОС е јасен.

СОРОС дава пари на медиум, а за возврат тие одработуваат со критички наслови, дава пари и на невладини кои креираат извештаи и публикуваат материјали против Владата.

СОРОС со буџет од неверојатни 5.200.000 евра ставени на располагање на СДСМ се сериозен фактор за корумпирање на сферата на слободите, медиумите, и состојбите во македонското новинарство.