понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Како се прави бебе во африканско племе

beba-afrika-majka-africka-beba-slobodan-kremenjak-fonet-1404051425-525505-620x396

Последни вести

Едно африканско племе на интересен начин го одредува датумот на раѓање на децата. Членовите на ова племе сметаат дека детето се раѓа на денот кога било помисла во мајчиниот ум. И кога жената ќе одлучи да има дете, тогаш заминува и седи под дрво сама и слуша додека не ја чуе песната на детето кое сака да дојде.

Откако ќе ја чуе песната таа оди кај таткото и му ја пренесува песната. Тие водат љубов и ја пејат песната со цел да го повикаат детето.

Кога ќе забремени, мајката ги учи на песната на детето бабиците и другите стари жени во селото, со цел кога ќе се роди тие да ја пеат песната за добредојде.  Подоцна додека детето расте и другите селани ја учат неговата песна. Доколку детето падне или го повреди коленото, некој ќе го крене и ќе му ја испее песната. Или кога детето ќе направи нешто убаво или ќе мине низ обредите на пубертетот, луѓето во селото ја пеат неговата песна.

Доколку во кој било момент во текот на неговиот живот личноста направи некое злосторство или не се однесува во согласност со нормите на заедницата, го повикуваат во центарот на селото и сите луѓе од заедницата го опкружуваат и му ја пеат песната.

 

Најчитани вести