Како се промени сексуалниот живот на жените за овие две децении

Како се промени сексуалниот живот на жените за овие две децении
Како се промени сексуалниот живот на жените за овие две децении

Жените денеска многу лесно се впуштаат во авантура во кревет, имаат двојно повеќе партнери и значително порано ја губат невиноста отколку пред дваесет години, покажала една студија која ја спроведе Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Слични студии се спроведени во 1991 и 2001 година, па развојот на сексуалниот живот на жените, може јасно да се согледа. Ова истражување во кое учествувале повеќе од 15 илјади жени и мажи на возраст од 16 до 74 години, покажало дека дури 16 отсто од жените експериментирале со ист пол, за разлика од мажите, каде што процентот е значително помал, пет отсто.

Додека пред две децении жените имаа просечно четири сексуални партнери, денеска тој број е двојно поголем. Полека, но сигурно се приближуваат кон машката квота од 12 партнери, а невиноста ја губат на 16 години. Интересно е што мажите и жените денеска поретко практикуваат секс за разлика од претходните резултатите на студиите.

Пред дваесет години, водевме љубов пет пати месечно, а денеска три пати. Професорката Кеј Велингс која учествуваше во спроведувањето на студијата, смета дека тоа е резултат на преокупација со работата.

„Луѓето работат напорно, дури ги носиме и компјутерите и телефоните во кревет,“ смета таа.

Најголемите промени се случија со промената на улогата на жената во општеството, подобра едукација и можност да се контролира плодноста.

Сепак, најшокантно откритие е дека една од десет жени биле приморани на секс, и тоа најчесто со некој кого го познаваат, а помалку од половината ја откриле таа тајна.