Магазин

Како секое утро да се разбудите со совршена фризура?

Како секое утро да се разбудите со совршена фризура?

Колку би било добро секое утро да се разбудите со совршена фризура. Иако ви се чини дека е  невозможно, сепак постојат неколку трикови што може да ви помогнат за тоа.

Првото и основно правило што морате веднаш да го испочитувате е мошне едноставно, а тоа е памучната перница да ја замените со свилена или сатенска.

Дури и ако си легнете со совршено исфенирана коса, памукот во текот на ноќта се ќе расипе, затоа што ја упива влагата од косата и ќе ја направи посува и кршлива. Исто така доведува и до триење, а со тоа и до кршење и кинење.

Брановидна коса

Доколку отсекогаш сте сакале да имате брановидна коса како Жизел Бундшен, се што е потребно е пред спиење на измиената и исушена коса пред спиење да нанесете малку пена, долж целата коса и потоа да ја сплетете во цврста плетенка.

Волумен

За да го сочувате волуменот што го имате косата не Ви е потребен ниту супер  фен, тукуи само три витлери. Земете витлери со средна величина и извиткајте ја косата на средината од главата, попрскајте ја со некоја полесна верзија лак и тоа многу малку. По спиењето остатокот од косата извиткајте го со четка за  виткање, а потоа тргнете ги витлерите.

Целосно рамна коса

Измиената и исушената коса израмнете ја со пена за коса, а потоа заврзете ја и завиткајте ја во сатен. Вашата коса и наутро ќе биде рамна и ќе биде доволно само малку да ја поправите со пегла.