Како Шилегов со минимална плата стекна огромно богатство?

Пред извесно време во јавноста беше обелоденет имотот на портпаролот на Социијалдемократскиот сојуз, Петре Шилегов. Неделникот „Република“ објави дека Шилегов поседува трикатна куќа вредна 440 илјади евра со вкупна големан на 313 метри квадратни, два автомобили „мерцедес“ и „ауди“ плус стан на негово име во скоспката населба Кисела Вода со вкупна површина од 88 метри квадратни.

silegov_kuka

Сигурно човек кој поседува олкав имот ќе помислите дека е значаен бизнисмен и има цела редица на фирми зад себе. Но, тоа не е случај со Шилегов.

Според официјалните податоци тој и неговата сопруга во нивната фирма се пријавени на минималец.

silegov_audi

Неговата сопруга официјално добила плата од 10.900 денари за јануари. А, Шилегов е пријавен од плата од 22.929 за истиот месец. Ќе се согласите дека ова не се приходи со кое може да си дозволите толкав имот. Ваквата несразмерноста меѓу ниските пријавани приходи и големиот имот фрла сомнеж дека приходите се стекнати на друг начин.

Она што е последно познато во јавноста дека Петре Шилегов како носител на функцијата претседател на Второстепената комисија за одлучување по жалби за јавни набавки во владата на СДСМ одлучувал и носел решенија за доделување на бизниси и јавни набавки на фирми блиски до сдсм и нивни спонзори. Во списокот се најдоа фирми на сопругата на Бранко Црвенковски „Семос“, фирмата чиј сопственик е бизнис партнер на Заеви „Јавор Шпед“, веледрогеријата „Др. Пановски“ и фирмата „Брилијант“ на Мите Николов. Петре Шилегов за овие случаи не се произнесе конкретно и не даде прецизен одговор.