Како шминката да ви трае 24 часа?

За во текот на целиот ден да изгледате бепрекорно, важно е да не ја преминете границата од која нема назад.

Кога станува збор за тенот, ако имате масна кожа, би требало два – три пати дневно да ја отстранувате маснотијата со посебни силиконки ливчиња. Така вашата шминка ќе остане на место, тенот ќе биде сув и нема да треба дополнително да нанесувате пудра. Доколку вашата кожа е сува, би требало да ја освежувате со вода, исто така два – три пати на ден. Ако е потребно во текот на денот додадете малку пудра.

Додадете светлина на центарот на лицето, а подочниците ублажете ги со коректор.

Доколку го поправате руменилото, бидете внимателни, тенот мора да биде совршено сув за да не ви се создадат флеки.

Сенката која се насобрала на превојот кај очните капаци истапкајте ја со домалиот прст, нанесете малку пудра, па потоа повторно сенка. Маскара никако не нанеувајте втор пат во текот на денот. Ќе добиете само „дебели“ трепки кои ќе го отежнат вашиот и онака уморен поглед.

На усните нанесете балсам, вишокот отстранете го со памучно марамче и нанесете кармин. Тоа е цреша на врвот – малиот завршен трик за да изгледате совршено свежо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.