Македонија

Како СОРОС ги корумпира македонските медиуми?

Како СОРОС ги корумпира македонските медиуми?

Неверојатна сума од 5.200.000 евра минатата година влегле во касата на невладината Институт Отворено општество чиј што прв човек Владимир Милчин е поранешен функционер на СДСМ, пишува порталот „Курир“.

СОРОС, според информациите за поделба на пари до кои дојде Курир, корумпира медиуми блиски до опозицијата. Најмногу пари легнале на сметките на опозициските портали, а „парче од колачот“ добил и весник блисок до СДСМ.

Весникот „Слободен печат“ во својата прва година од постоењето, добил грант од 60.000 евра. Овие пари завршиле кај главниот уредник на весникот Бранко Героски, долгогодишен промотер на политиките од Бихаќка и новинар близок до опозицијата. Но СОРОС не ги дал само овие пари на Героски. Тој е раководител и на порталот Плусинфо кој исто така добил пари од невладината на Милчин. На сметката на овој опозициски портал, „легнале“ 47.706 евра.

Порталот а1он кој е во сопственост на поранешен новинар на А1 телевизија, близок до СДСМ, исто така има добиено пари од СОРОС во износ од 49.706 евра.

Над 36.000 евра за само 6 месеци земал неделникот Фокус.

СОРОС не штедел пари и на порталот на Ацо Кабранов, Либертас, на чија сметка легнале 26.686 евра. Во овој портал близок до СДСМ работи ќерката на Љубомир Фрчкоски. Инаку, Либертас пред неколку дена реагираше на соопштение дека не биле финансирани од СОРОС и дека од таму зеле пари само првата година од постоењето.

Либертас е демантиран од самиот институт Отворено општество кој го презентираше извештајот за донации и во кој самиот објави дека порталот земал пари во 2013 година.

Порталот на Кабранов е формиран во 2012 година, но според извештаите земал пари и во 2013-та година…

Интересно е што и меѓу официјалните партнери на СОРОС Македонија кој самата организација ги наведува е и невладината Инфо центар, таа истата која издаде небулезен извештај во која броеше за тоа колку пати бил спомнат СДСМ во говорите на премиерот.

За волја на вистината, грантови меѓу 16и 18 илјади евра земале и Скај, Окно, Мојот град, Глобус. Мрежата на медиум финансирани од СОРОС е огромна правопропорцинално и на огромниот буџет кој го има оваа организација. Со парите кои се делат на медиумите блиски до СДСМ се убива слободното новинарство.

Огромни суми на пари, СОРОС дели на организации за да ја критикуваат владата и да градат критично мислење по секоја цена.

На овој начин СОРОС и Милчин внесуваат свежи пари за корумпирање на медиумите кои по секоја цена имаат задача да ги одработат парите преку критика на Владата и нејзините политики.

Партијата на Црвенковски, па Заев и Шекеринска, постојано критикува за немање на слобода на говор во медиумите. Треба да одговорат дали ваквото корумпирање со милионски суми од СОРОС на нивните медиуми е демократија во медиумите?