Како Сорос го финансира СДС со американски пари?

армија

Џорџ Сорос го финансира СДСМ, а не се регистрира како донатор. Исто така, купува влијание во медиумите во САД и шири лажни вести без да се регистрира согласно законите, пишува во својата колумна Вес Мартин во Independent  Journal Review – единствениот медиум во САД на чии новинари е дозволено да патуваат со дражавниот секретар, Рекс Тилерсон, објави „Курир“

Несомнено, САД имаат најголем финансиски придонес за глобалната стабилност преку Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД), која поддржува проекти во областа на демократијата, образованието и економскиот раст. Десетици милиони долари во изминатите неколку години беа наменети за Република Македонија, го започнува текстот „Џорџ Сорос ги користи парите на американските даночни обврзници за да ги финансира социлјадемократите во Македонија“ новинарот Колонел Вес Мартин во „Индепендент џурнал ривју“.

За жал, добрите намери секогаш им отвораат простор на оние со себични интереси да ги звлечат максимумот за себе, а токму тоа се случува во Македонија, американскиот милијардер Џорџ Сорос ги користи средствата на УСАИД за своите политички цели и лична добивка.

Сорос и Институтот отворено општество се мешаат во внатрешната политика на Македонија со години.

Институтот „Отворено општество“ работи така што купувајќи влијание, Сорос се инфилтирa во македонската политика и медиумите и предизвикува нестабилност низ целата земја. Фондацијата на Сорос има потрошено милиони долари за спроведување немилосрден напад врз прозападната ВМРО-ДПМНЕ, а во корист на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) – порано на Комунистичката партија на Македонија.

Овој процес се одвива во три чекори, почнувајќи од денот на приемот на грантови УСАИД. Институтот „Отворено општество“ обезбедува финансирање на невладини организации, а потоа парите се донираат на СДСМ. Иако камуфлирани, ревизорските извештаи им ја фаќаат трагата на парите на Сорос.

Организацијата Стоп операција Сорос објави дека членови на парламентот, поранешни министри од владата на СДСМ, како и други високи членови на СДС се дел од оваа операција.

Поголемиот дел од грантовите на УСАИД имплементирани преку мрежата на Сорос одат на истиот ограничен круг на организации и луѓе кои се тесноповрзани со Сорос и неговите цели за зајакнување на ултрапрогресивните и екстремнолевичарските движења, поткопување на институциите и спроведувањето на политиките на владата, создавајќи ситуација на целосна контрола врз медиумите и јавниот простор, и соборување на легитимно избраните конзервативна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во исто време, Сорос и неговата организација ги користат новинарите и медиумите за промоција на неговата пропаганда во Македонија без да се регистира неговата работа и со лажни вести какви што шират. Сите овие активности се направени со крајната цел на воспоставување на целосна контрола врз земјата за сопствена корист и спроведување на радикални политики поддржани од страна на неговата организација Сорос. За жал, Сорос и неговите застапници ќе останат главните корисници за следните 5 години на Проектот на УСАИД за граѓанско општество 2016-2021 во Македонија.

Македонскиот народ работеше напорно да се ослободи од стегите на комунизмот и со годините остварил силни врски со САД. Во 2002 година, американскиот претседател Џорџ Буш ја призна Македонија под нејзиното уставно име и покрај притисокот на Грција. Во 2008 година, Македонија и САД потпишаа договор за стратешко партнерство. Македонија е единствената земја во регионот, како и една од ретките во светот, која има потпишано ваков договор со САД.

Позицијата на Македонија за Европа, на Балканот и Југоисточна Европа е од клучна важност за безбедност за Европа и САД, како портата чувар за сириските бегалски бранови и етничката хармонија во Македонија е позитивен пример за регионот. Македонија е една од најдобрите надежи за стабилност во многу нестабилниот регион. А токму стабилноста и одбивање на екстремниот социјализам се двете работи што Сорос намерува да ги спречи во Македонија.

Не треба да му се дозволи на бизнисмен Џорџ Сорос да ги користи американските фондови за да влијае на иднината на Македонија и да манипулира со  македонските граѓани за свои финансиски и идеолошките интереси. Македонците и даночните обврзници на САД заслужуваат многу подобро од ова.