Како светот ја прослави Новата година? (ФОТО)

Светот ја пречека Новата 2017 година со спектакуларни огномети и ја испрати старата 2016 година, која беше исполнета со политички изненадувања, конфликти, крвави напади и смрт на легендарни ѕвезди од шоубизнисот.

Сиднеј и кажа збогум на 2016 година и им оддаде почит на ѕвездите, како пејачот Дејвид Боуви и актерот Џин Вајлдер, кои светот ги загуби изминатите 12 месеци.

Спектакуларен огномет над мостот на пристаништето во австралискииот град беше изведен со позната песна на Боуви „Space Oddity“.

Околу еден милион лица ја пречекаа Новата 2017 година на Тајмс сквер во Њујорк и го набљудуваа спуштањето на гигантската сфера под дожд од конфети.

Градоначалникот на градот Бил де Блазио и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун го стиснаа копчето, со кој се активира механизмот за спуштањето на топката, една од големите традиции на Големото јаболко, која датира од 1907 година и секоја година привлекува туристи од целиот свет. Околу седум илјади полицајци го обезбедуваа настанот.

Ниските температури во Париз не спречија десетици илјади луѓе да го исполнат парискиот бувелар „Шанзелизе“ и да уживаат во огнометот кај Триумфалната порта.

Од безбедносни причини различни влезови на булеварот беа блокирани со бетонски блокови. Околу сто илјади полицајци во цела Франција беа ангажирани за новогодишната ноќ.

Откако Биг-бен отчука 12 часот по полноќ, Лондон беше осветлен од огнометот покрај реката Темза, кој траеше 12 минити. Во британскиот главен град свиреа песни на неодамна починатите британски поп икони Боуви и Џорџ Мајкл, како и на американскиот изведувач Принс.

Над два милиони лица ја дочекаа 2017 година на плажата Копакабана во Рио де Женеиро. Туристите и локалните жители уживаа во фестивалот од звуци, вклучувајќи го ритамот на популарните школи за самба.

Празнувањата во германските градови минаа под зајакнати мерки за безбедност. Вчера беше уапсен маж за време на празнувањето кај Брандербуршката порта во Берлин, кој викал „Бомба, бомба, бомба“. – Сега тој ја слави Нова година со нас, напиша полицијата на Твитер.

Во Ватикан папата Франциско отслужи вечерна литургија во базиликата „Свети Петар“, на која изрази жалење поради невработеноста меѓу младите луѓе, која „ги осудува да немаат место во општеството“ и ги повика верниците да им помогнат за можат да „сонуваат и да се борат за своите соништа“.

Жителите на двата најголеми кинески градови, Пекинг и Шангај, новогодишната ноќ ја минаа мирно претежно во домовите. На крајбрежната пешачка зона во Шангај немаше прослава, а продажбата, користењето и превезувањето на пиротехнички средства беа забранети.

 

ng

new-years-eve-fireworks-displays-new-york-auto-europe1

ng1

ng5

ng4

ng2

Revellers photograph fireworks over the Arc de Triomphe as they celebrate the New Year on the Champs Elysees, in Paris, France, Sunday, Jan.1, 2017. (AP Photo/Christophe Ena)