Како темелно да го исчистите домот за да бидете посреќни

Прво што треба да направите е да одлучите:

  1. Дали нешто ќе фрлите или нема да фрлите;
  2. Каде ќе го ставите она што ќе го задржите;
  3. Можете да си верувате себе си и на своите чувства – на наведените чекори додадете им чувство: додека чистите, „почувствувајте“ ги нештата. Ако се чувствувате среќно, тогаш треба да ја задржите. М. Кондо е уверена дека себе си неможете да се излажете дека со слушањето на навалата на чувствата на среќа за она што го имаме на крајот ќе останеме со совршено количество предмети;
  4. Немојте да се споредувате со никого – „Вие сте стандард“, истакнува М. Кондо. Вашиот процес на чистење не можете да го споредите со никого. Навалата на чувствата што ви вели нешто да задржите, но нешто да фрлите е само ваша и посебна;
  5. Бидете подготвени да довршите, не само да започнете – немојте да ја потрошите целата енергија на извлекување на нештата што ги имате, прашањето е дали ќе имате волја повторно да почнете да расчиствувате со цел да изберете се и да отстраните. Одработете нешто до крај, па дури тогаш тргнете во нова фаза на расчистување.

Заправо не се проблем нештата, туку вие – за сортирањето на облеката, книгите и ситниците М. Кондо говори на мошне посебен начин:

Нашите спомени не се нешто што треба да го чуваме, туку треба да го чуваме она што сме станале благодарение на тие искуства. Додека ги прегледувате своите нешта и додека одлучувате што ќе фрлите, го разгледувате сопственото минато.

Со отстранувањето на нештата што не ги употребувате и што не носат радост во вашиот дом, се решавате и од нештата што не носат радост во вашиот живот. А кога нешто ви носи радост, во вашиот гардаробер или во вашиот живот треба да го задржите. Тоа е толку едноставно, заклучува Мери Кондо.