Балкан

Како трудољубивата Колинда стана првата жена претседател на Хрватска

Како трудољубивата Колинда стана првата жена претседател на Хрватска

Ако само четири месеци пред нејзиното раѓање поранешната тинејџерска поп сензација Зденка Вучковиќ не издадеше еден од нејзините најуспешни синглови, Грабар Китаровиќ, денес ќе се викаше Ксенија. Мајка и Дубравка, штом таа останала бремена, одлучила: ако биде момче ќе се вика Арсен, а ако биде девојче ќе се вика Ксенија.

Меѓутоа, кога на 29-ти април 1968 година, бебто конечно  дошло на свет, таткото Бранко под прозорецот на Дубравка ја пеел песната „Колинда“ на Зденка,  па така првата хрватска жена- претседател го добила своето име.

kolinda_2

Ова е само една од најмалку познатите детали за детството на Колинда Грабар Китаровиќ, кои во последниве неколку месеци излегоа во јавноста.

Таква е и приказната за првата и единствена четворка што Колинда ја добила на крајот на првото полугодие во седмо одделение и тоа по физичко образование. Професорот Адолф Јуретиќ всушност и е роднина, а подоцна станал член на СДП, а сега еден локален политичар во огранокот на ПГС во општината Јелење.

Како што појаснува нејзината мајка, Колинда одлучила во седмо одделение годината да ја заврши заврши со сите петки,  па затоа до крајот на годината упорно трчала околу игралиштето во училиштето за да поправи оцената.

Во текот на кампањата таа пропатува повеќе од 30.000 километри низ земјата, се со цел да ги поправи до вчера „лошите оценки“, негативните анкети и првичните критики дека нејзината кампања е хаотична, избрзина, и дека таа е неподготвена и нема содржина.

Грабар Китаровиќ доаѓа од семејство кое нема значајно политичко педигре. И покрај тоа што нејзиниот прадедо Виктор бил еден од основачите на огранокот на ХСС, никој во потесното семејство кое има потекло од селото Лубарска, освен професорот Јуретиќ, никогаш не се занимавал со политика.

Семејството Грабар се занимавале со месарство. Таткото на Колинда, Бранко во приземјето од домот кон крајот на 80-тите години имал месарница, а во соседното село Лопача семејството има ранч со 22 крави.

kolinda_3

Иако тогашниот систем диктирал дека Колинда треба да се запише во трговското средно училиште во Риека, таа на сопствена иницијатива се запишала во средно училиште Риека.

На крајот од трета  година дознала за програмата за размена на студенти. И овој пат таа сама се ангажирала. Таа самата се пријавила, пронашла семејство  со кое ќе живее, извадила виза за САД и добила стипендија. Така го завршила средното училиште во Лос Аламос.

kolinda_4– Несакав тоа да го пропуштам. Се плашев како ќе ме прифати семејството. Мислев дека тие како Републиканци ќе имаат предрасуди во однос на девојка од Југославија. Но, тие ме прифатија како своја – изјави Колинда во една прилика говорејќи за нејзиното искуство во Лос Аламос. Со ова семејство, таа и денес  е во контакт, тие се за неа, дури и ја посетија Хрватска на одмор.

Во текот на кампањата, Колинда откри дека нејзината стипендија предвидена за Лос Аламос  не била доволна да ги покрие трошоците.  За да го помине месецот морала да пегла и да чисти за плата од 20 долари. Поголемиот дел од облеката во Ново Мексико го купувала на старо, па дури и денес  не се истакнува со дизајнерска облека  и скап накит. За кампањата, дури и покрај противењето на нејзиниот тим, таа не сакаше да ангажира стилист.

Во Америка Колинда се стекнува со добро познавање на англиски и шпански јазик. Потоа таа се запишува на Филозофскиот факултет и студира англиски и шпански јазик и литература.

kolindaФакултетот го завршила со просек од 4,5, но поради барање на работа во Загреб, каде што  навистина сакала да остане, го продолжила времето до дипломирањето до 1993 година, истата година кога се приклучува на ХДЗ.

За време на студиите живеела во студентски дом, а кога собрала доволно пари од преводи и од настава во приватни училишта за странски јазици, Колинда се преселила во изнајмен стан. Кога ја превела книгата на Жељко Лопариќ „Обвинетиот Хајдегер“ Колинда ја добила својата шанса. Таа се сретна со тогашниот министер за наука и технологија Анте Човиќ. Тој брзо му ја додели фотелјата на Јуре Радиќ, кој потоа ја ангажира преку студентскиот сервис.

Во тоа време Колинда го запознава и нејзиниот иден сопруг Јаков  Китаровиќ. Колинда и Јаков склучиле брак во 1996 година и имаат две деца – Кетрин и Лука.

Колинда во Министерството за внатрешни работи всушност ја донесе Иво Санадер. Наскоро таа стана Раководител на Одделението за Северна Америка. Тогаш таа и Санадер почна почесто и тесно да соработуваат.

kolinda_5Меѓутоа, за да ја постави за министер Санадер одлучил по предлогот на ирскиот консултант Патрик Џејмс Маре, кој подоцна ќе стане познат како спин доктор на Санадер. Колку и да се обидуваат нејзините политички противници денеска да докажат дека таа била миленичка на Санадер и дел од неговата корумпирана влада, Колинда секогаш велела дека успејала од него да се тргне на време. Иако и денес таа вели дека нема јавно да зборува за нивните „валкани работи“, сведоците уверуваат дека Санадер всушност ја избркал од својот тим, со што и направил голема услуга.

Со тоа што Санадер ја протерал во САД и ја поставил како амбасадорка, всушност ја оддалечил од тогашниот ХДЗ и и дал чисти раце за претседателската трка.

Таа во НАТО од април 2011 година работела како помошник за јавна дипломатија на главниот секретар Андерс Фог Расмусен. Уште во 2012 година се шпекулирало за нејзината трка за претседател на Хрватска.

Колинда веднаш не го прифатила овој предлог прво заради позицијата во НАТО, а потоа и заради состојбите во ХДЗ.

фото: jutarnji.hr