Како вашето бебе да престане да плаче за неколку секунди? (ВИДЕО)

Др. Роберт Хамилтон, педијатар од Санта Моника, открил начин како да смирите бебе што плаче за само неколку секунди.

Хамилон ја снимил својата метода за смирување. Техниката е многу едноставна и ефикасна.

Првиот чекор е да да ги ставите рацете на бебеот на неговиот граден кош. Со една рака ги држите рацете и главата на бебето, а со другата неговата позадина. Потоа, полека нишајте го бебето под агол од 45 степени.

При тоа е важно секој чекор да биде бавен и нежен.

Оваа метода е најделотворна кај бебиња од 2-3 месец, бидејќи после стануваат потешки да се држат во сигурна позиција која е прикажана на видеото.