Како влијае врз нас тоа што вечерва ќе спиеме еден час помалку?

Вечерва, без разлика дали ни се допаѓа или не, ќе спиеме еден час помалку. Во иднина, најверојатно ќе бидеме благодарни затоа што конечно дојде пролет и затоа што денот е подолг, но ако ова му го спомнете на било кој од оние што ќе се појават ненаспани следната недела, најверојатно нема да добиете пријателски настроен одговор.

Тоа е така, затоа што последиците од еден час помалку спиење се многу поголеми од обичниот утрински мамурлак.

Затоа е важно колку е можно побрзо да се обидеме да се вратиме во нормален ритам за спиење. Еве неколку проблеми кои може да се јават како последица на намалувањето на сонот за еден час:

Треска

Кога вашето тело има потреба за повеќе сон, тоа започнува да се подготвува за одмор и почнува да се лади. Ако забележите дека почнувате да се тресете, тоа значи дека најверојатно ви треба сон.

Зголемен ризик од проблеми со физичкото здравје

Само половина час помалку сон може да го наруши нормалниот ритам на хормоните во телото и да доведе до зголемени ризик од дијабетес и покачена телесна тежина.

Намалена концентрација

Податоците покажуваат дека постои пораст на сообраќајните несреќи во неделите што следат по промената на времето затоа бидете сигурни дека сте целосно будни и подготвени пред да седнете зад воланот!

Ментално здравје

Недостатокот на сон е тесно поврзан со депресијата.

Зголемена надразливот

Помлаку сон значи зголемена надразливост, зголемена себичност, па оттаму и повеќе кавги со вашиот партнер. Ненадејно фактот дека тие не ја вратиле крпата на место може да биде главниот проблем зошто би сакале да ставите крај на вашата врска.

Еве неколку методи кои би ви помогначе побрзо да се вратите во ритам:

Немојте да се преспивате

Иако можеби ви звучи чудно, но обидете се да не спиете премногу во недела, затоа што тоа ќе влијае на вашиот сон следната вечер. Исто така важно е да се задржи постојаноста во вашите навики за сон и со тоа да се осигурате дека нема да се бркате со времето.

Прошетајте

Свежиот воздух и природната светлина се природен начин за да се разбудите. Првото нешто што ќе го направите кога ќе се разбудите во недела, нека биде една кратка утринска прошетка.

Која е поентата во тоа да спиете, кога веќе сте будни?

Ако си легнете со сознанието дека нема да се наспиете, ако само лежите и размислувате за тоа уште колку време има пред вашиот аларм да се огласи ќе бидете уште повознемирени. Станете и прочитајте некоја книга или слушајте некоја музика што ве опушта, на тој начин ќе го тргнете умот и можеби навистина ќе заспиете.

Без таблет- компјутерии во кревет

Иако можеби е навистина добро да ги испратите последните неколку меила или да погледате нешто интересно пред да си легнете, важно е вашиот кревет да биде наменет само за две работи: спиење и секс. Кај човечкиот мозок вообичаена природна појава е да прави асоцијации со објекти, па така ако денес останете еден час со таблетот пред да си легнете најверојатно тоа ќе ви премине во навика.

Кафе по вечерата

Истражувањата покажуваат дека ако пиете кафе шест часа пред да си легнете, тоа најверојатно негативно ќе се одрази на вашиот сон. Затоа потрудете се кафето да го консумирате само наутро.