Како Заеви ја купија хациендата за ниска цена?

Како Заеви успеаа да стигнат до хациенда на три спрата до самиот брег на Егејското Море на Халкидики. Јавноста втор ден очекува одговор на прашањето, со што Заеви заслужија да купат куќа на самата плажа по цена пониска за неколкупати од реалната цена за имот од тој тип.

Огласите на агенциите за недвижности велат дека таква куќа чини најмалку три до четири пати повеќе од сумата од 110.000 евра која ја платиле Заеви, а пребарувањето покажува дека има и слични куќи кои вредат и до 800.000 евра.

Порталот Press24 денеска дојде и до останатите два договори со кои Заеви станале сопственици на ексклузивната хациенда во Халкидики. Преку нив може да се види дека во ист ден, Заеви склучиле 3 договори на различни суми за продажба на имотот.

zaevi_kuka_2

zaevi_kuka_3

zaevi_kuka_4 (1)

zaevi_kuka_4

zaevi_kuka_9

Интересно е што во самиот договор, Заеви, ставиле потпис на документ во кој јазикот на Република Македонија се нарекува јазик на БЈРМ.

zaevi_kuka_10

Разликата во цените отвора серија сомнежи за начинот на кој семејството Заеви станува сопственик на овој ексклузивен имот.

Јавноста втор ден се прашува, зошто хациендата е продадена за цена далеку под реалната и дали и кој ја платил разликата од стотици илјади евра и со каква цел.