Како загадувањето на воздухот влијае на нашето здравје?

Чистиот воздух е основа за здравје и здрав живот на луѓето. Воздухот би требало да биде смеса од пропорционално распоредени гасови, а се состои од 78% азот, 21% кислород и многу мала количина јаглерод диоксид, водена пареа, озон и разни нечистотии.

Неволјите настануваат кога овој сооднос ќе се промени.

Како загадувањето ќе влијае на нашето здравје зависи од повеќе фактори: од нашата возраст, генетското наследство, нивото на стрес, од тоа дали боледуваме од нешто сериозно, како и од степенот на физичка активност.

Најчести болести предизвикани од загадувањето на воздухот се:

  • Надразнување на дишните патишта и проблеми со функционирање на белите дробови
  • Рак
  • Труење, на пример со олово
  • Слабеење на имунолошкиот систем, кое доведува до поголема подложност на инфекции
  • Намалено ниво на кислород во ткивата, кое подоцна може да доведе до тешко дишење или губење на свеста

Дури и краткото изложување на оксиди на сулфур, азот или озон, може да доведе до отежнато дишење и создавање на слуз или бронхијални грчеви како резултат на иритација и воспаление.

Тоа понатаму го намалува капацитетот на белите дробови и го намалува степенот на размена на гасови во крвта.

Сè ова влијае на намалување на дотокот на кислород во ткивата и ја отежнува работата на срцето. Надразнувањето на белите дробови може да доведе до хронични болести и до трајни структурни промени на овој орган.

Заболувањата како астма, хроничен бронхит и емфизем во главно се јавуваат како комбинација на предиспозиции, пушење и услови на работното место, како и заради аерозагадувањето на средината.

Доколку хемиските материи стигнат до крвта преку белите дробови, може да предизвикаат проблеми и во другите органи, како последица на системските токсини.

Оловото и живата се најопасните системски токсини кои се наоѓаат во воздухот.

Знаеме дека ова ќе ве исплаши, но наместо да станувате параноични, размислете што вие самите можете да направите за да си го зачувате здравјето. А, сигурно можеме многу доколку сите размислуваме така.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.