Како животните ги предвидуваат временските услови?

Во минатото уѓето имале развиен систем на верувања со помош на кои можеле да ги предвидат временските прилики кои ги очекуваат. Поради тешките услови за живот било важно да се процени дали ќе има дожд или суша, снег или сонце за да можат луѓето соодветно да се припремат според временските услови.

Старомодната временска прогноза вклучувала неб ески појави, празници, но и животни и делови од тело/

На сите ни е познато верувањето дека на зимата и е дојден крајот ако мечката по зимскиот сон излезе од пештерата и ја здогледа својата сенка. Но, мечката не е единствениот прегнозер- карактеристиките на претстојното годишно време можат да се одредат и со помош на осите.

Верувањето вели дека зимата ќе биде остра ако во полињата има многу осила. Лошото време го највува и утката, крекањето на жабите и мукањето на кравите. Сепак, доколку не сте љубител на природа и не сакате да се шетате по шталите и во мечкините дупки да за знаете како ќе врне дожд, а кога не, можете да го прогнозирате времето и од удобната домашна фотелја со помош на „жабата претскажувач на време“.

Старинскиот барометар се состоел од тегла во која има скалила и жаба која пред дождот се качувала до врвот на теглата.

Чести се верувањата кои се поврзани со празниците. Празникот на Сретение, кој уште се нарекува и Средозима бидејќи се наоѓа на сред зима и всушност е денот во кој се очекува да излезе мечката. Во очи на Михајловден треба да се погледне небото, ако е ведро значи дека зимата ќе биде долга и ладна.

Доколку сте го пропуштиле Михајловден- ништо не е страшно. Се ближи 8 ноември, денот кога ајдуците го повлекуваат јатакот да презимат – Митровден, уште еден погоден празник за одредување на времето. Сончевото време на Митровден најавува силна зима, а ако се случи да заснежи тоа значи дека зината ќе има обилни врнежи.

Исто така, времето можете да го одредите и со просто набљудување на небото за време на ноќта. Ѕвезведното небо укажува на ведар ден, а додека пак треперењето на ѕвездите најавува студ. Виторогната млада месечина најавува силна зима, а ако има поодмотани рогови значи дека ќе има дожд и влага.

Власите за предвидувањето на временските услови користеле 12 лушпи од лук. На секоја лушпа, која го претставувала секој месец, ставале по малку сол.

Другиот ден ги гледале лушпите, ако лушпата е влажна тоа значи дека тој месец ќе биде дождовен,а додека пак ако е сува, месецот ќе биде сушен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.