Како зрачите, така и привлекувате!

1. Секогаш бидете тука и бидете потполно опуштени

Најважно е да останете ТУКА и СЕГА.

Единствено време во кое можете да создадете нешто е СЕГАШНОСТА.

Луѓето прават грешки и ги креираат идните настани така што се фокусират на иднината. Тоа само ги турка целите многу подалеку.

Значи првата работа која морате да ја знаете е постојано да бидете фокусирани на сегашноста.

2. Поставете ја целта правилно

Целта мора да биде позитивна – на пример: „Сакам да не сум дебела“ не е добро зацртана цел, бидејќие во негативен контекст. Мозокот не ги препознава негациите, па нашата потсвест ќе биде врежано „ сум дебела“. Правилното поставување на целите е прво да замислите слика од она што го сакате и да ја менувате. Таа слика нека ја следи чувство како саканото да е веќе тука.

Потоа замислете се себеси дека сте ја оствариле целта…На пример: „Сакам да имам 75 килограми до 31.12.2016“, бидејќи така поставената цел е позитивна, специфична, достижна и временски ограничена.

Така создадената цел ќе стори Универзумот да Ви помогне да ја исполните.

3. Почнете од малите работи

Почнете со малите нешта. Ако сакате да ослабете 50 килограми, а досега не сте ослабеле повеќе од 30 килограми, ако никогаш не сте имале 50.000 евра во рацете, а сакате толку да заработувате годишно, немојте веднап да поставувате цел толку да ослабете или да ги имате тие пари, бидејќи отпорот на потсвеста ќе биде преголем.

Ако не сте биле во врска 2-3 години, немојте веднаш да барате партнер од соништата. Обидете се да не излегувате од вашата зонана комфор, односно да не очекувате дека за три месеци ќе ослабете 50 килограми, бидејќи килограмите не сте ги наталожиле за три месеци, или пак да заработувате десет пати повеќе во однос на тоа колку сега заработувате.

Одете чекор по чекор до големата цел. ..Она што е најважно е на почетокот да стекнете чувство на успех. Кога еднаш ќе го стекнете, тогаш се оди лесно. Затоа почнете со нешто што е малку повеќе од она што обично го имате итоа нека биде вашиот прв успех.

Кога ќе се случи малиот успех веднаш прославете. Сторете нешто за да го означите овој успех, бидејќи тоа ќе ви помогне.

4. Нема чекање

Ако ништо не се случува за една или две недели, немојте да се разочарувате. Целта веќе се остварува, а вие ја туркате од себе со чекањето да се оствари.

Колку повеќе очекувате желбата да се исполни, толку повеќе се убедувате себеси дека Вие тоа го немате. Така и понатаму „јас го немам тоа“ го правите реалност.

Само дозволете да се случи. Заборавете на тоа КАКО и КОГА ќе ви се оствари. Ќе се оствари тогаш кога НАВИСТИНА ќе му дозволите.

Но првиот услов е АЦИЈА – и тоа веднаш! Немојте да седите дома и да чекате тоа што го сакате да Ви заѕвони на врата.

5. Дозволете да ја примите целта

Секој кој не успеал во законот на привлекување, не знае да го прими она што го барал. Никогаш тоа нема да дојде како што сме го замислувале и сакале туку на свој начин, бидејќи силата е многу покреативна од нашиот ум. Мора да бидете со отворен ум и да ги забележите малите сигнали и шансите за да ги искористите. Не можете само да сеите и да чекате парите да Ви паднат од небо. Некој или нешто мора да биде канал низ кој желбта ќе се исполни.

Направете мал чекор напред и видете како патиштата Ви се отвораат.

6. Опкружете се со позитивни луѓе, елиминирајте ги негативните од вашиот живот

Луѓето заеднички ја создаваат реалноста во која живеат. Ко во вашате гоколина преовладуваат негативците, големи се шансите и Вие да бидете негативни.

Ослободете се од негативците во својата околина, бидејќи негативците се силни во својата навика и волја да живеат во сиромаштија, болест, лоши односи…и тогаш поединец меѓу нив кој сака да ја промени ситуацијата нема големи шанси. Тука владее законот на посилниот. Ако можете да ги надвладеете со разбирање, тогаш ќе бидете уште посилни и поуспешни во Законот на привлекување.

Ако повеќе луѓе учествуваат во една цел таа побрзо и полесно ќе се оствари.

7. Медитирајте

Медитацијата ќе Ви помогне работите да станат појани. Медитацијата е наједноставен метод за скротување на умот.

Постојат многу начини и техники. Одберете една која Ви одговара и за почеток држете се до неа, секој ден, кога Ви одговара.

Важно е да останете мирни. Смирете го своето тело и својот ум. Не размислувате, опуштете се.

Бидете упорни и истрајни. Подобро секој ден да медитирате по петнаесетина минути одколку еднаш во неколку дена по неколку часа. За да совладате медитацијата информирајте се на Интернет, постојат голем број техники од кои сигурно барем една ќе Ви одговара. Можеби ќе Ви одговра само да медитирате, а можеби во медитацијата ќе додадете и некоја молитва…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.