Каков родител сте – Обичен или мудар?

Сите сме го преживеале детството но често забораваме на тоа. Длабоко во себе знаеме како правилно треба да постапиме во врска со децата, но во секојдневието ни недостига трпение и мудрост за тоа и да го оствариме.

Еве седум важни работи што би им помогнале на децата при формирањето на нивната личност, но и на родителите во процесот на воспитување.

Напомена за секој родител:

  1. Обичниот родител е убеден дека целото слободно време треба во целост да му го посвети на детето, а сопствените интереси да ги става во втор план. Мудриот родител е способен самостојно да се грижи за себе, а на тоа ги учи и неговите деца.
  2. Обичниот родител секоја вечер му помага на своето дете околу домашната. Мудриот родител во вопситувањето на детето се придржува до следната стратегија: детето одговара за завршената или за незавршената домашна задача и самото е одговорно за тоа.
  3. Обичниот родител се обидува да се искупи за чувството на вина, користејќи се со разни подароци и пари. Мудриот родител му дава на детето џепарлак, што тоа самото треба да ги распореди на таков начин за самостојно да може да си купува нешта или играчки, што не се вклучени во семејниот буџет.
  4. Обичниот родител не се обидува да сфати зошто неговото дете се однесува лошо, како недоволно да го слуша во дадениот миг. Мудриот родител со сите сили се обидува да го сослуша сопственото дете, за да разбере што се крие зад неговото лошо однесување и да изнајде можност да му помогне на своето дете.
  5. Обичниот родител преку воспитувањето на детето има за цел тоа да израсне во пристоен човек. Мудриот родител прави се за да има близок однос со детето.
  6. Обичниот родител го одгледува своето дете во атмосфера на попусливост, па понекогаш му дозволува и да му се „качи на глава“. Мудриот родител сфаќа дека има целосно право на личен простор, хоби и време што ќе го помине без детето. Тој ги поштува и сопствените, но и границите на неговото дете.
  7. Обичниот родител се обидува да го заштити сопственото дете од животните тешкотии, работејќи го и она што немора. Мудриот родител му дозволува на детето да прави грешки, а потоа, заедно со него дискутира со детето за тоа каква позитивна лекција може да извлече од настанатата ситуација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.