Каков секс сакаат жените за време на овулација?

Вашата сексуална желба е биолошки предодредена да варира за време на циклусот, а својот врв го достигнувате точно во периодот на овулација, кога и сте најплодни. Меѓутоа, со новата студија има за цел да дознае дали вашата желба за одредени сексуални потези исто така варира во текот на месецот. Се воспоставило дека истражувачите се на добар пат.

Дваесет и две хетеросексуални жени кои не користат контрацепција меѓу 18 и 40 години гледале кратки видео снимки со еротска содржина за време на плодна и неплодна фаза. Во овие кратки сцени се појавуваат понекогаш две жени, некогаш двајца мажи, а некогаш маж и жена за време на пенетрација или орален секс.

zene-muskarci-partneri-seks-oficiri-1353967614-234267

Во тој период испитаниците биле приклучени на вагинален фотоплетисмограф чија улога е да го мери нивото на возбуденост на осносва проток на крвта во гениталиите, а со тоа се мери и нивото на возбуденост на скала од 1 до 10. И погодете кој е резултатот? Жените за време на овулација ги возбудува пенетрација, додека пак, оралниот секс не им изгледа примамлив.

Студијата очигледно има некои мани со оглед на тоа што жените гледале сцени, а не учествувале во нив, но од еволуциска точка на гледање, има смисла дека жените во плодните денови најмногу ги возбудува пенетрација. Со оваа последна студија се тврди дека клиторисот на жената во текот на овулацијата се зголемува за 20 отсто со што се олеснува постигнувањето на оргазам во овој период на циклусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.