Каков тип на жени посакуваат мажите

Жените што не се среќни во љубовта секогаш ќе најдат некоја недостаток поради кој ќе го отфрлат мажот, а оние среќните ќе се обидат да го заобиколат истиот недостаток, па дури и да го претворат во доблест. Никој не е совршен, но љубовта меѓу двајца несовршени луѓе може да биде совршена.

Не живеат во минатото

По тешкото раскинување, најлесно е само да се размислува за тоа што би можело да биде. Успешните жени сфаќаат дека една љубов завршила и дека нема смисла да чекаат да се врати. Мажите не поднесуваат жени што живеат во минатото, туку оние што се во состојба да уживаат во сегашноста и да гледаат кон иднината.

Не генерализираат

Само затоа што еден маж бил лош, тоа не значи дека сите останати се такви. Голем број жени се препуштаат на ваков начин на размислување, па самите себе си се кочан во наоѓањето нова љубов. По раскинувањето потребно е да се одвои некое време, да го преболите претходниот и да тргнете понатаму со претпоставката дека тој бил исклучок.

Имаат свој живот

Мажите не ги поднесуваат жените што во врската се претвораат во инертна маса што живее само за нив. Јасно е дека ќе го реорганизираат сопственото време, но никогаш не смеете да го отфрлите вашиот сопствен живот само затоа што инмате момче. Жените што заедно со новото момче ќе ги задржат своите пријатели и занимања се многу поуспешни во љубовта од оние што едноставно се препуштаат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.