Интересни огласи излегоа во весниците во Србија

Продавам есктра постпејд број! Продавам број со четири четворки на почетокот!

Ова се само некои од огласите за продажба на броеви за мобилни телефони кои секојдневно можат да се најдат во весниците и на интернет порталите, објува српски 24 часа.

Понуди има многу, а цените се различни. “Обичните” броеви се купуваат и за 20 динари, додек поинтересните, кои се продаваат под етикета “интересни”, “лукс”, “убави”, “лесни за паметење”, потребно е да издвоите повеќе стотици евра.

Репортерите кои истражувале на оваа тема се јавиле на неколку од огласите и заклучиле дека во голем дел од случаите станува збор за организирана продажба, а не поединечно тргување со случајно добиени броеви. Така, еден од понудувачите објаснил дека поставил десетици огласи во кои нуди неколку телефонски броеви.

Мобилните оператори не се најсреќни за ова и истакнуваат дека таквата продажба е забранета. Корисникот може да го отстапи бројот само со писмена согласност. Ако се открие злоупотреба на бројот можно е и укинување на услугите.