недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 0

Каква боја е Сонцето? (ВИДЕО)

Видео на НАСА покажува како разните бранови должини на сончевата светлина можат да се прикажат така што може да ги види и обичен набљудувач.

sonceboi-650x396

Поврзани вести

НАСА  објави поучно и забавно видео преку кое објаснува кои се сите бранови должини, кои се невидливи со голо око, но можат да се видат со телескоп.

Видео на НАСА покажува како разните бранови должини на сончевата светлина можат да се прикажат така што може да ги види и обичен набљудувач.

Тие бранови должини во СДО (Solar Dynamics Observatory) ги претвориле во слики кои луѓето можат да ги видат, а светлината е обоена во спектарот на бои на виножитото.

Гледајќи го видеото можете да забележите дека истиот дел од сонцето се појавува во различни бои. Тоа се случува бидејќи секоја бранова должина ја прикажува сончевата материја при одредена температура.

Различните бранови должини ни даваат информации за различен состав на сончевата површина и атмосфера, а научниците ги искористиле за да ја обојат целата слика и ѕвездата која постојано се менува.

Ова видео дава нов увид во материјата на ѕвездата поради која животот на нашата планета е возможен.

Најчитани вести