Каква е состојбата на патиштата?

Во текот на денешниот од 08:00 до 16:00 часот на патниот правец А1 Скопје – Гевгелија кај клучка Демир Капија, од страна на ЈП Македонијапат и ГЕИНГ ќе се извршува геодетско снимање. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на сите државни патишта, како што информира АМСМ, се одвива без забрани, попретежно суви коловози,  освен на осојничавите места. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Магла на патот Жировница – Дебар и кај Демир Капија

Намалена видливост поради појава на магла со видливост до 50 метри има на патниот правец Жировница – Дебар и до 100метри кај Демир Капија.

magla

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти Ноември на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

Изменет режим на сообраќај на дел од автопатиштата

Според ДЦС МВР, по извршената контрола и увид на поставената патна сигнализација за времена измена на режим на сообраќај заклучно со 28.12.2015 година, состојбата е следна: aвтoпат Велес – Куманово – сообраќајот се одвива по лентата за брзо возење, aвтопат Куманово – Велес – нема изменет режим,  aвтопат Скопје – Куманово – сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента сé до приклучокот на автопат Велес -Куманово, aвтопат Тетово – Велес – запрена е сообраќајната лента за принудно запирање на возила, а сообраќајот се одвива по сообраќајни ленти за возење и лента за престигнување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.