Македонија,Крими хроника

Каква е состојбата на повредените во Аеродром? – една патничка на КАРИЛ

Каква е состојбата на повредените во Аеродром? – една патничка на КАРИЛ

Десетици лица се повредени во судирот кој утрово во 8 часот се случи во скопската населба Аеродром. Се судрија два автобуси, едниот приватен со број 23, другиот на ЈСП со број 3.

Околу 8 часот по сударот меѓу приватен автобус и автобус на Јавното сообраќајно претпријатие со 4 возила на Итната медицинска помош повредените се префрлени во Клиниката за Хируршки болести Свети Наум Охридски и во Ургентниот Центар. Според информациите на Zdravstvo24.mk во старата градска болница биле примени 6 повредени лица, меѓу кои и еден од возачите на автобусите. Тој се здобил со повреди на главата и е надвор од животна опасност. Во Градска е хоспитализирана и една патничка на 37 годишна возраст која исто така има повреди на главата. Останатите 4-ца повредени по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Од Ургентниот центар информираат дека кај нив биле донесени 4-ца повредени. Двајца мажи и две жени. Двајца од поврдените имале повреди на градниот кош и на главата и ќе бидат задржани на лекување на скопските клиники. Пациентката имала потешки повреди и е хоспитализирана на КАРИЛ и според лекарите нејзината состојба во моментот е стабила, а момчето имало повреди на главата и најверојатно ќе примено на Клиниката за неврохирургија. Другите двајца патници имале полесни поврди на вилицата и на делови од главата и по укажаната помош на Ургентен се препратени на дополнителни прегледи на Клиниката за максилофацијална хирургија и на Клиниката за уво нос и грло.