Македонија

Каква е состојбата низ Македонија по врнежите

Каква е состојбата низ Македонија по врнежите

ПОЗС КУМАНОВО

Во општина Куманово ангажиран е еден ровокопач гасеничар којработи  на Којнарска Река. Во општина Крива Паланка ангажиран е еден ровокопачот  и еден камион на Крива Река .

ПОЗС Штип:

Општина Штип

Три градежни машини и еден камион во општина Штип. Од браната Калиманци нивото на река Брегалница е покачено и поставени се вреќи кај Ново Село и бања Кежовица, а во карбинци е излеано

Општина Карбинци

Две градежни машини и еден камион работат кај Карбинци – Козјачка река

Една машина работи во с.Лакавица до с.Пухче и с.Степанци.

ПОЗС Битола

Општина Могила

Поплавени се селата Долно Оризари, Логоварди, Кравари, Карамани, Ношпал, Васарејца и во прекин е локалниот пат Тополчани-Ношпал. Ситуацијата е алармантна во долните текови на река Драгор каде е излеана. Во општина Могила вклучена е АРМ. Во општина Новаци поплавени се 3000 ха. Дирекцијата за заштита и спасување реагира со два багери, а од страна на општина Битола е активирана целокупната механизација.

ПОЗС Ресен

Општина Ресен

Ангажиран е еден багер во село Горна Бела Црква каде е направен интервентен канал и водата е повлечена од поплавените дворови а багерот е повлечен.

ПОЗС Крива Паланка:

Спуштено е нивото на Крива река на терен има една градежна машина и камион кои го расчистуваат коритото.

ПОЗС Радовиш:

Општина Конче

– На територија на општина Конче од браната Мантово се слева поголемо количество на вода, но не прави проблеми  проодни се сите патишта. Моментално е побарана нова механизација од ЕЛС Радовиш до Дирекцијата за заштита и спасување. Денеска се дадени вкупно 4000 вреќи за песок на ЕЛС Струмица и тоа 2000 од ПОЗС Радовиш и 2000 од Дирекцијата за заштита и спасување

ПОЗС Демир Хисар

Општина Демир Хисар

Во село Мургашево и село Куви, излеана е Стара река и има поплавено неколку куќи, истата се повлекува во своето корито. Вештачките акумулации Сувидол 1 и 2 се преполнети и водата се прелива и во селото Утово и село Загориче поплавени се две куќи. Има појава на свлечиште во село Смилево, загрозена е една куќа, луѓето се евакуирани и локалната самоуправа вршела рашчистување на теренот.

 

ПОЗС Пробиштип.

Општина Пробиштип.

Од 27.01.2015 Работат две машини од фирма од Кратово која ке работи на санирање на мостот кај двете села отсечени Драч и Бунеш,

29.01.2015г. Еден камион и еден багер точкаш кај с.Калниште на истиот потег на кој работат претходните машини на река Злетовица. Нивото на река Злетовица се намалува.

Од ПОЗС Пробиштип и ПОЗС Виница при заедничка обиколка на терен констатирано е на лице место на потегот Каменица-Делчево  дека не се работи за свлечиште, туку се работи за одрони од камења и земја на патот и истиот е прооден.

Свлечиште има на патниот правец Берово – Делчево во село Црник и е на десетина метри од куќите.

Свлечиште од 30 до 40 метри на регионалниот пат Киселица – Злетово патот е во прекин и оштетена е една коловозна лента.

ПОЗС Струмица:

Општина Струмица

Водата од брана Водоча се испушта 6 до 7 м3 во секунда и брана Турија се испушта со 15м3 ангажирани се една машина булудужер, три багери и осум камиони во село Просениково

Во село Василево ангажирани се една багер и 2 камиони

Во село Доброшинци ангажирани се една багер и АРМ има поставено 2000 вреќи за песок во село Зубово и село Василево.

ПОЗС Делчево

Има три поткопани моста и истите се затворени за сообраќај. Водостојот опаѓа и реката се повраќа во своето корито

ПОЗС Кочани

Општина Чешиново-Облешево.

Водата се повлекува на сите реки

Општина Зрновци

Река Брегалница се има излеано и вон употреба е мостот кој ги поврзува Зрновце – Кочани и сообраќајот се пренасочува преку Виница.

ПОЗС Прилеп

На територија на општина Прилеп

Река Црна има поплавено во село Тројкрсти и Тополчани каде има поплавено земјоделски површини, водата полека се повлекува.

ПОЗС Македонски Брод

Нивото на реката Треска намалено е за 10 сантиметри и полека се повлекува во своето корито и поплавени се земјоделски површини