Каква е состојбата по обилните врнежи во Македонија

Подрачните одделенија за заштита и спасување информираат за тоа каква е состојбата со критичните места во Р.Македонија кои беа зафатени од обилните врнежи.

ПОЗС Пробиштип

Во Пробиштип нивото на сите  реки и водотеци видно е покачен. Како последица на тоа дојде до оштетување на поправениот дел од патот кај селото Ратвица кон село Драч и село Бунеш. Во текот на вчерашниот ден  воспоставена е патната комуникација со селата Драч и Бунеш. Денес 02.02.2015 година градежната механизација ке продолжи да работи на поставување на заштитен слој од бетонски плочи на санираниот дел од патот и ќе се работи на поставување на заштитен насип на левата страна на Злетовска река со што ќе се овозможи повторно насочување на водите од реката под мостот и ќе се попречи поткопување и рушење на обработливи земјоделски површини.

На мостот кај селото Трипатанци има наноси од остатоци од дрвја и корења има оштетување на заштитниот појас во должина од оклу 30 метри но мостот  и локалниот пат до селото не се сериозна опасност доколку не се повторат врнежите.

Клизиштето на регионалниот пат Киселица-Пробиштип сеуште  нее санирано и сеуште е активно , сообраќајот е во прекин и истиот се одвива по заобиколни патишта.

На подрачјето на општина Пробиштип има снег на високите планини ( Пониква, Синковица).

ПОЗС Берово

На подрачје на општините Берово и Пехево:

Река Брегалница е излеана од с.Мачево до с.Будинарци и поплавено е земјоделско земјиште и 4 викенд куќи.

Река Ратевска е излеана во должина од 3 км и поплавено е земјоделско земјиште од двете страни на реката и 4 викенд куќи.

Кота на брана “Ратевска река” е 981,16, а кота на прелив е 984,00.

Снег има на планините од 1300 м надморска височина нагоре.

Материјалните штети од поплавите дополнително ќе се утврдат од страна на Општински комисии за процена на штети од природни непогоди.

ПОЗС Македонски Брод

На Подрачјето Македонски Брод (на територија на општина Македонски Брод и општина Пласница) во атарот на селата Лисичани, Пласница на територија на општина Пласница и во атар на село Суводол и село Девич на територија на општина Македонски Брод има излевање на водата од река Треска на помали земјоделски површини (ливади) кои се наоѓаат покрај течението на река Треска, загрозување на објекти нема.

ПОЗС Крушево

Во текот на ноќта и утринските часови, се интервенираше на реката Црна во с.Бучин, која дојде до критично ниво на излевање и загрозување на објекти и патна сообраќајница, со поставување вреќи за песок, ако се покачат температурите и дојде до нагло топење на снегот, можно е излевање на реката во овој реон.

Поради наглото топење на снегот во текот на вчерашниот ден дојде и до излевање на водата од вештачката акомулација Трстеник. На лице место интервенираше ЈП,,Комуна,, со една машина и се изврши промена на водотокот на реките кои го полнат езереото со што се намали опасноста од голем прилив на вода во акомулацијата. Во телкот на денешниоит ден пак ке се интервенира на овој објект.

Во горниот тек на реката Црна, помеѓу селата Света и Бучин е и излеана. Вештачките акомулации Борино 1 и 3 се полни со вода и водата се испушта преку каналската мрежа и сигурностите вентили. Трстеник-1 и Крушевското езеро се полни со вода, но вишокот на  вода истекува преку испусните канали без опасност од прелевање преку браните.

Поради голем прилив на вода можно е поплавување на реката Црна во атарот меѓу селата Света (општина Д.Хисар) и Бучин општина Крушево каде секоја година при обилни врнежи од дожд и топење на снегот доаѓа до излевање на водата .

Животот во општината се одвива нормално. Сите приоди кон јавните претпријатија установи и служби се проодни. Брзата помош редовно си ја врши својата работа со мали проблеми околу движењето на возилата по малите и тесни улички во градот. Продавниците редовно се снабдуваат со прехранбени и други животни продукти.

Известени сме дека републичкиот патен правец Крушево-Прилеп кај селото Врбјани општина Кривогаштани е во прекин поради прелеана вода преку коловозната лента.

Во прекин е и сообраќајот на локалниот патен правец Кривогаштани-Житоше (непосредно пред излезот од населеното место Кривогаштани, исто поради прелеана вода преку коловозната лента. Се превземаат активности за снаирање на состојбите од соодбетни служби.

ПОЗС Неготино

Подрачното одделение за заштита и спасување Неготино доби информација  дека патот Демир Капија-с.Корешница е прекинат за лесни возила.Може да се одвива сообраќајот по заобиколен пат преку с.Војшанци.

Механизацијата на ЕЛС-Неготино денес ќе биде ангажирана во с. Војшанци за санирање на последиците.

За ЕЛС Демир Капија во разговор со претставник од ЕЛС Демир Капија се добиени сознанија за реката Бошавица е во нормала а за мостот на с.Корешница постои  излевање на реката Вардар и во моментот е во тек да се согласат со полицијата и другите служби околу прекин на патот.

ПОЗС Кочани

Ангажирана е една градежна машина за 02.02 2015 година преку ПОЗС Кочани во река Злетовска за санирање на критичните места.

Излеана е река Оризарска на потег с.Оризари и с,Грдовци има поплавено земјоделски површини и постои опасност водата да навлезе во куќите во с.Грдовци, во с.Мојанци има поплавено земјоделски површини од излевање на река Оризарска.Во с.Долни Подлог има поплавено дворни површини (високо ниво на подземни води) река Брегалница има поплавено во с.Чифлик и с.Прибаќево. Мостот на река Брегалница мегу с.Грдовци и с.Зрновци е поплавен и истиот е попуштен.

ПОЗС Ресен

– Во сите поплавени села од вчера, месното население во главно се ангажирани на санирање на состојбите во поплавените куќи, со моторни пумпи се црпи вода од објектите

– Најмногу штета од поплава на куќи и магацини со јаболка има во с.Дрмени, с.Долна Бела Црква и с.Горна Бела Црква.

ПОЗС Демирхисар

На ден 02.02.2015год.се одржа состанок на Кризниот штаб на кој присуствуваа Градоначалник на Општина Демир Хисар, Пратеникот на Општина Демир Хисар, претставник од РЦУК, ДЗС, МВР,  ЈКП ,,Комуналец,, и Инспектор на Македонија Пат.

На одржаниот состанок беше константирано дека после обилниот дожд и снег кој паднаа ноќта 31.01.2015 г. и во текот на денот 01.02.2015 год. нивото на реките и суводолиците во општината значително се зголеми.

Заклучок на состанокот е дека главен акцент ќе се стави на заштита на луѓе и објекти од нови поплави како и санирање на настанатите штети.  Во населбата Мургашево која е под вода ќе се интервенира со машина се со цел водата која надоаѓа од горниот дел на Демир Хисар преку суводолици па и од селата Кутретино и Суводол а исто така и од Вештачките акумулации на некој начин да се канализира за да не направи уште поголеми штети, да се редат и вреќи со песок. Ќе се работи и кај свлечиштето во с.Смилево се со цел да се помогне да не дојде до големи свлекувања на земјата кои ќе бидат фатални за куќите кои се на него.

Моментално Кризниот штаб е на терен ги посетува сите оние кризни точки на кои му се закануваат нови поплавувања доколку дојде до дестабилизација на времето.

ПОЗС Кавадарци

Во село Глишиќ и село Раец каде беше излеана реката Луда Мара има повлекување на реката.

ПОЗС Радовиш

Реките течат со намален интензитет. Најголема е засега Радовишка река на потегот во долниот тек, после спојот со другите реки и со влезот на Плаваја и Ињевска река во Радовишка река кај мостовите на с.Јаргулица, Покрајчево и Злеов, каде е со широк тек разлеана. Состојбата во општина Конче, Крива Лакавица која се влева во езеро Мантово, реката е разлеана со зголемен капацитет, Нема проблеми со инфраструктурата

ПОЗС Гостивар

Лавината која настана на 01.02.2015 г. на патниот правец Маврово – Дебар, кај манастирот Св. Јован Бигорски  со ангазирана механизација – две машини од страна на општината Маврово – Ростуше во текот на вчерашниот ден беше расчистена. Патниот правец Маврово

На излевањето на р. Бањесница во населбата Бањесница – Гостивар во текот на вечерните часови работи општината Гостивар, каде е ангажирана механизација.

ПОЗС Делчево

Поради обилните врнежи од дожд и снег на ден 31.01.2015 година во текот на вчерачниот ден 01,02.2015 година на подрачјето на општините Делчево и М.Каменица беше зголемено  нивото на реките  Брегалница и Габровчица.Реката Брегалница на неколку места низ течението се излеа од коритото при што беа загрозени  куќите  кои се наоѓаат по течението на реката.Направена беше  брана од вреќи со песок во загрозените делови.Во близина на спортскиот центар поткопано е дворно место на угостителски објект и однесено е настрешница,фурна и возило кое не е во возна состојба. На излезот од градот во индустрискиот дел кај место викано Долни бавчи и кај м.в.Манчово поле с.Очипала поплавени се  објекти  (фарма и млекара)и други помошни објекти покрај коритото на река Брегалница.Мостот на река Брегалница од с.Тработивиште за с.Разловци е видно оштетен и е забранет за премин за моторни возила,возилата  се пренасочуваат  преку стариот пат за село Разловци.Мостот на река Желевица во с.Тработивиште е поткопан и не е во употреба.Новиот мост на излезот од градот Делчево во индустрискиот дел е поткопан и исто така е забранет за движење на моторни возила.Поради одрони на пато Делчево-Кочани сообраќајот на овој патен правец се одвива отежнато,возилата се насочуваат по заобиколница,меѓутоа од Македонијапат сме известени дека екипи работат на теренот и во најкраток период истиот патен правец целосно ќе биде оспособен за сообраќај..

Ситуацијата се следи и постепено се нормализира.Нивото на река Брегалница значително се намалува.

ПОЗС Велес

Направен е увид на реките Вардар, Тополка и Бабуна и според увидот р.Вардар е во тренд на опаѓање. Реката се нема излеано, но на неколку места е приметено заезерување од причина што се тие места се под ниво на реката, а местата се околу бавчите на левата страна во месност Речани, после мостот кај с.Башино село, околу градскиот парк и поплавен е долниот дел на кејот околу Река Бабуна е на високо ниво и според информациите од општина Чашка, реката е излеана во пониските делови околу мостот кон с.Долно Врановци и се има излеано на патниот правец кон с.Мокрени и с.Габровник.  Според наши видувања од терен на лице место нивото на сите три реки е во тенденција на

ПОЗС Битола

Насипот на Река Црна кај с.Тополчани е оштетен и започнува да се прелевање, нема можност за ангажирање на градежна механизација.

Градежни машини се ангажираат во с.Вашарејца за изведување на заштитни насипи поради опасноста од поплавување на селото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.