Каква е состојбата во Македонија по обилните врнежи од снег

Републичкиот центар за управување со кризи испрати информација за состојбата во Република Македонија предизвикана по обилните врнежи од снег. Еве каква е состојбата во државата по региони.

Скопски регион

Регионалниот пат што води кон селата: Танушевци, Брест и Малино преку општина Чучер Сандево е делумно прооден. Патот е прооден само за теренски возила. Патниот правец кон с.Љубанци е тешко прооден. Патните правци кон селата: Копаница, Рашче и Буковиќ заради мали наноси од снег во утринските часови повторно се чистат и истите се проодни.

Регионалниот пат што води кон селата: Танушевци, Брест и Малино преку опш.Чучер Сандево е делумно прооден. Патот е прооден само за теренски возила.

Во општина Сарај патниот правец од с.Буковиќ кон с.Раовиќ се уште не е исчистен, поради големите наноси на снег. На негово расчистување се работи во текот на денот.

Охридски регион

Патниот правец Охрид – Св.Наум -граничен премин кон Албанија е прооден само до с.Пештани, а до с.Лубаништа е прооден со употреба на зимска опрема. Локаланиот патен правец Косел – Ливоишта – Сирула е непрооден за сообраќај.

Без напојување со електрична енергија е дел од нас.Радојца Новичиќ, како и селата:Рамне, Велестово, Рача, Коњско, Елшани, Пештани, Трпејца, Лубаништа, Косел, Орман, Горни и Долни Лакочереј, Ливоишта, Вапила, Сирула, Опеница, Завој, Куратица, Речица, Плаќе , Свињишта и Подмолје.

Во опш.Дебрца непроодни се локалните патни правци за селата: Црвена Вода, Лактиње, Годивје, Врбјани, Сливово, Мраморец, Турје, Сошани, Оздолени, Велмеј, Брежани и Климештани. Сите села во опш.Дебрца се без струја.

Во општината Кичево непроодни се патните правци за селата: Добреноец, Пополжани, Подвис, Лавчани, Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Кленоец, Попоец, Малкоец, Видрани, Јудово, Свињишта, Козица, Кладник, Белица, Прострање, Цер, Зрско, Орланци, Миокази, Речани, Крушица, Дупјани, Рабветино, Козичино, Патаец, Тајмиште, Букојчани, Мидинци, Папрадишта и Бериково. Во опш.Кичево без струја се селата: Цер, Црско и Кладник.

Во општина Дебар патниот правец до с.Гари е прооден до околу 200 метри до селото, остатокот од патот не е прооден поради тоа што има голема количина на мраз и неможе да се пробие.

Во општина Струга регионалните патишта с.Мислодежда – с.Селци, с.Заграчани – с.Г.Белица, с.Модрич – с.Дренок, с.Боровец – с.Јабланица и с.Пискупштина – с.Нерези – с.Луково – с.Нерези не се проодни за сообраќај. Во опш.Струга без струја се селата: Мороишта, Драслајца, Ливада, Корошишта, Делогожда, Поум, Мислодежда, Брчево, Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Селци, Буринец, Луково, Пискупштина, Нерези, Дренок, Безево, Јабланица, Боровец, Лабуништа, Подгорци, Вевчани, Октиси, Долна и Горна Белица, Вишни, Велешта, Таш Маруништа, Враништа, Франгово, Мали Влај, дел од Мислешево, Ложани, Биџево, Горно и Долно Татеши.

Во општина Македонски Брод непроодни се патните правци до селата: Топлица, Василковци, Томино Село, Сушица, Црешнево, Брезница, Тажево, Здуње, Близнскио, Калуѓерец, Могилец, Инче, Звеан, Бенче, Лупште, Горно Зркле, Рамне, Брест, Косово Село, Требовле, Растеш, Заград, Волче, Битово, Горно и Долно Ботушје и Крапа.

Штипски регион

Патниот правец Кочани – Пониква е исчистен и прооден. Исчистен е и патниот правец Кочани – с.Полаки помеѓу селата Мегдан и Крушка и на овој патен правец сообраќајот се одвива отежнато и во зимски услови.

Во општина Пробиштип кон селата Плешанци, Грижилевци и Долни Стубол е пуштено возило на локалната самоуправа на Пробиштип за расчистување на патиштата. Патот е прооден а на некои места има остатоци на поледица.

Кумановски регион

Отсечени села и населби во моментот во општина Куманово повеќе нема. Патиштата кон селата: Косматац, Мургаш, Колицко, Живиње, Брзак, Карабичане, Кутлибег, Сушево, Кшање, Габреш, Пезово и другите села се проодни но ислклучиво за теренски возила и лесни возила со зимска опрема.

Патиштата кон селата: Брешко, Буковљане, Добрача, Дренок, Жељувино, Канарево, Мгленце, Макреш, Малотино, Осиче, Рамно, Цветишница и Цвиланце се проодни. Во моментот се работи на одржување на веќе исчистените локалните патни правци до овие села, Екипите  од  МП Куманово  вршат опесочување и рачистување  на  коловозите  кон  селата: Липково, Матејче, Виштица, Ропаљце кон Никуштак како и патниот правец Речица – Ваксинце – Лојане. Сообраќајот  се  одвива   отежнато  со   остатоци  од  снег   на  коловозите. Патот кон претходно отсечените села е прооден исклучиво за теренски возила и лесни повисоки возила со зимска опрема. Во правецот кон селата: Руница, Алешевце, Белановце, Гошинце, Лукаре, Пресница, Стрима, Извор и Злокуќане можно е движење со теренски возила но во отежнати зимски услови.

Регионалниот пат кон с.Герман – општина Ранковце е прооден до м.в.Орашац, а непроодни се околу 2 км. Сообраќајот по локалните патни правци во двете општини се одвива отежнато во зимски услови, а кон с.Дренак (опш.Крива Паланка  е непрооден од с.Дурачка Река во должина од околу 7 км.

Во општина Кратово на регионален пат Кратово – с.Каврак е непрооден. Отсечени се селата: Близанци, Луково, Куново, Мушково, Нежилово, Којково и Каврак.

Битолски регион

Во ЕЛС Новаци не е прооден регионалниот пат Р2338 од РЕК Битола – с.Рапеш – с.Градешница кој е од трет приоритет за чистење.

Без струја се селата: Лажец, Кишава, Граешница, Острец и Драгош.  (Прекинот се случил во текот на ноќта и сеуте трае).

Заради скинати жици и тешко пристапен терен, прекин во снабдувањето со електрична енергија сеуште има во селата: Арилево, Горно и Долно Дивјаци и Пуста река. Екипа има на терен и се очекува во текот на денешниот ден дефектот да биде отстранет.

Во општина Ресен отсечено е с.Лескоец каде се бара тешка механизација. Без eлектрична енергија се селата: Долно Дупени, Љубојно ,Наколец, Брајцино, Штрбово, Крани, Сливница, Стење, Кривени, Д.Бела Црква, Болно, Претор, Рајца, Курбиново, Лавци, Подмочани, Грнчари, Перово, Езерани и Дрмени.

Во општина Демир Хисар не се проодни патните правци кон селата: Радово и Боишта кои се земјени патишта.  Непрооден е и патниот правец за с.Зашле поради паднати електрични столбови на патот помеѓу селата: Брезово и Зашле, не може да помине механизацијата за чистење на снег. Регионален патен правец врска Р – 1305 за с.Големо Илино не е чистен и не е прооден. Регионален патен правец Демир Хисар – Прилеп не е исчистен и е тешко прооден. Има прекини во снабдувањето со електрична енергија во селата: Суво Грло, Радово, Брезово, Зашле  и Кочишта. Екипите на ЕВН се на терен.

Во ЕЛС Долнени, прекини во снабдувањето со електрична енергија има во селата: Сливје, Рилево, Долгаец, Маргари, Црнилиште Зрзе и Гостиражни.

Тетовски регион

Патните правци кон селата: Нистрово, Горна Волковија, Селце и Врбјане во општина Маврово Ростуше сеуште не се проодни. Патот кон с.Врбјане е започнат со чистење уште вчера и до некаде е пробиен, а се чека во текот на денешниот ден целосно да биде пробиен. Исто така и патните правци до останатите села: Нистрово, Сенце и Горна Волковија ќе се чистат во текот на денешниот ден.

Снабдувањето со електрична енергија е редовно освен во Ростушкиот дел каде веќе 4 дена населението е без електрична енергија.

Велешки регион

Во моментов прекини во електро мрежата има во селата:Бистица, Црешнево, Попадија и Раковец во опш.Чашка. с.Оморани е непроодно и има паднато електричен столб. Екипи на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектот.  Селата: Богомила, Оморани, Ореше, Нежилово и Папрадиште се тешко проодни со зимска опрема. Екипите на Македонија пат како и Елма Компани која е задолжена за чистење на останатите патни правци во текот на денот ќе работат на чистење на патот. Во с.Ветерско – опш. Велес 3 дена се без електрична енергија а и патот  е тешко прооден моментално е непрооден за сообраќај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.