Каква шминка им одговара на хороскопските знаци?

Дали некогаш сте се запрашале зошто некои бои додека се шминкате ви стојат подобро од другите? Дали сте помислиле дека и тука свое влијание има астрологијата?

Еве неколку тајни на хороскопот што ќе ви укажат  на тоа која шминка ви одговара според хороскопскиот знак.

Овен

На Овновите најмногу им одговара црвената боја, која означува страст, сила и храброст. А ќе се сложите дека тоа се карактеристиките што го красат вашиот знак. Носете ја оваа боја за да ја зголемите силата, енергијата и виталноста секој пат кога тргнувате во нешто ново.

Бои: Темноцрвена, црна, бела, златна, портокалова…

Како да се нашминкате: Нанесете сенка во силна црвена боја врз некоја неутрална за да го ублажите ефектот. Задолжително пред нанесувањето на сенката нанесете неколку капки за очи, за да го избегнете изгледот на вампир.

Избегнувајте: Светла розева боја.

Бик

На Биковите им одговара зелена боја, затоа што таа го подмладува духот. Таа носи стабилност и воспоставува рамнотежа помеѓу телото и духот. Со самото тоа, доколку Бикот се одлучи за оваа боја на неговото лице ќе привлече благосостојба и просперитет.

Бои: Зелена, сина, виолетова, жолта, кафена…

Како да се нашминкате: Нанесете маслинеста сенка врз капаците, но и на долните рабови на очите, а потоа размачкајте ги за да постигнете зачадени очи.

Избегнувајте: Црвена  боја!

Близнаци

За темпераментните Близнаци вистинската боја е жолтата, затоа што таа е полна со сјај и со светлина, а притоа делува стимулативно. Исто така таа го поткрева и расположението, а на комуникативните Близнаци им ја зголемува меморијата и комуникациските вештини.

Бои: Светла жолта, светла сина, зелена, бела…

Како да се нашминкате: Светло жолтата сенка може да биде вистински погодок ако ја нанесете врз капаците и во аглите на очите, а при краевите ги засилите со црно моливче.

Избегнувајте: Сите нијанси на црвена.

Рак

На романтичните Ракови најдобро им стои розевата боја. Оваа боја укажува на љубов, а најдобро е да ја носите во периодите кога ви надоаѓа некоја промена или доколку ви е потребна утеха поради љубовта. Доколку ја носите оваа боја на вашето лице ќе бидете поотворени и попристапни за соработка.

Бои: Розева, тиркизна, бела, сива, сина, сребрена, металик…

Како да се нашминкате: Комбинирајте розева и бела сенка така што ќе изгледате колку е можно поприродно. Со малку маскара спремни сте за поход.

Избегнувајте: Црвена боја…

Лав

Портокаловата боја ги засилува енергијата и влијанието на Лавиците. Доколку се одлучите за оваа боја ќе ве преплави чувството на среќа и оптимизам, но и ќе ви ја засили волјата да ја постигнете целта што сте ја замислиле.

Бои: Портокалова, златна, црвена, бакарна, кралска сина, бела…

Како да се нашминкате: Обидете се да нанесете портокалова сенка како ајлајнер. Тоа ќе го постигнете со рамно четче што ќе го натопите во малку вода а потоа во сенката и извлечете линија над горниот капак, баш како што тоа ќе го направите и со ајлајнер.

Избегнувајте: Пастелни нијанси.

Девица

Кралско Сината е идеална боја за сите припаднички на овој знак. Оваа боја е олицетворение на убавината, чистината и мудроста, ја намалува тензијата и го шири спокојот, што се карактеристики на овој хорскопски знак. Ако се одлучите за оваа боја ќе ја поттикнете смиреноста и ќе го отворите умот.

Бои: Кралска сина, зелена, лаванда, сива, кафена, жолта…

Како да се нашминкате: Како подлога на некоја посветла нијанса нанесете кралска сина или тегет, за очите повеќе да ви дојдат до израз. Можете да пробате и сина маскара или да направите зачадени очи со тегет сенка.

Избегнувајте: Се од семејството на црвена.

За другите знаци повеќе на следната страница…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.