Македонија

Какви докази најде Обвинителот пред седиштето на ДУИ?

Какви докази најде Обвинителот пред седиштето на ДУИ?

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство -Тетово изврши увид на лице место по вчерашната експлозија пред седиштето на ДУИ во Тетово.

Како што информираат од обвинителството, подигнати се материјални траги од местото и влакна од изгорениот фитил и истите се дадени на вештачење. Надлежниот обвинител го одзеде и ЦД од поставениот видео надзор, што ќе биде предмет на разгледување и анализа.

Во случената експлозија нема човечки жртви. Причинета е минимална материјална штета.

фото: Курир