Какви инструкции му дадоа Заев и Ахмети на Џафери за имунитетот на осомничените пратеници?

Премиерот Зоран Заев вчерапопладне заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, имаа средба со со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Ненадејната средба била одржана во кабинетот на Талат Џафери, во македонското Собрание, а траела повеќе од еден час. По нејзиното завршување кратко соопштение до јавноста беше испратено од кабинетот на Џафери, а Заев и Ахмети не дадоа изјави.

Телевизијата „Алсат-М“, повикувајќи се на неофицијални информации, објавува дека Заев, Ахмети и Џафери разговарале за седницата на собраниската Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања, која треба денеска да расправа за барањата за одземање имунитет на шестмината пратеници, кои се осомничени за учеството во насилствата на 27 април во Парламентот. Од одлуката на собраниската комисија ќе зависи дали осомничените пратеници ќе завршат во скопскиот Истражен затвор, како што бара надлежниот судија и Обвинителството, или пак тоа нема да се случи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.