Какви мажи најлесно освојуваат жени?

Изгледа дека висината на мажот е од пресудно значење кога заведувањето е во прашање. Жените сакаат високи мажи кои се барем една глава повисоки од нив, бидејќи тоа по се изгледа ги асоцира на мажевност и сила која мажот мора да ја поседува.

Истражувањата кои неодамна ги правела британската интернет страница за запознавање покажало дека жените најпрво обрнуваат внимание на високите мажи, додека на ниските вниманието е насочено многу помалку. Изгледа дека Господинот совршен не го одликува убавина, успешност и богатство туку на прво место е висината која на прпадничките на понежниот пол очигледно дејствува како магнет.

Студијата истражувала околу 80 илјади интеракции кои се случиле на сајтот АЈИ и дошла до сознание дека високите мажи имаат многу поголеми шанси, некоја жена да ги контактира, во односот на другите кои се ниски.

Идеалната висина според многу жени е преку 180 см. Мажите кои се пониски од 170 см имаат дури 70 отсто помали шанси да запознаат или да зграбаат жена, како во виртуелна така и во реална смисла.

Истражувањата кои се правени во соработка со двојки, покажала дека мажите дури во 93 отсто од случаите се повисоки од жените. Психологот Сузан Краус Витбурн тоа го објаснува дека таквите мажи оставаат впечаток на сила, а со тоа и сигурност во очите на жените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.