Какви разговори крие Заев за себе и најблиските соработници?

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев помпезно најавуваше дека поседува прислушкувани материјали од 27.000 граѓани. Со тоа се закани кон сите- кон претставниците на Владата, сите граѓани, но и кај сопартијците.

Иако на социјалдемократите јавно им порача дека и за нив има материјали, тој вчера лицемерно истакна дека материјалите за неговите сопартијци нема да ги објавува, пишува Курир.

Постојаното менување на ставови, признавање на лаги и контрадикторности направи граѓаните да не веруваат во она што Заев го кажува за целиот овој процес на објавување на материјали, од СДСМ наречени како “бомби“.

Заев се закани неколкупати дека никој нема да биде поштеден, но тоа очигледно не важи за сопартијците и гласноговорниците кои во медиумите платени од СОРОС жестоко го охрабруваат овој политичар.

Она што остана како отворено прашање е дали новинарите  како Бранко Героски, Ацо Кабранов, Сашо Ордановски и другите ја напаѓаат власта, а го бранат Заев затоа што СДСМ поседува нивни разговори? Дали овие новинари се под уцена?

Го повикуваме Зоран Заев да ги објави сите разговори за целото раководство на СДСМ како и на опозициските новинари! Ако тоа не го направи ќе стане јасно дека тие кријат материјали за себе и најблиските соработници.

Тогаш ќе стане јасно дека опозицискиот лидер темпира “бомби“ кои ќе ги фрли само кон власта и граѓаните, а ќе бидат поштедени сите оние кои ги “аминуваат“ неговите политики.

Заев се поштеди дури и самиот себеси иако на почетокот на реализацијата на своето сценарио, себеси се претстави како најголема жртва.

Така, тој до обвинителството достави само 300 негови разговори, а тврдеше дека е прислушкуван 4 години. Тоа беше една од неговите најголеми лаги.

Еден опозициски лидер и градоначалник никако не е можно за цели 48 месеци да обавил само 300 разговори на мобилен телефон. Тоа би значело дека Заев разговара на телефон еднаш на секои 5 дена. Ова е класична лага која наведува само на едно- дека Заев нешто крие од јавноста.

Во партиската битка и обвинувањата за прислушување, Заев уште еднаш ја потцени интелигенцијата на македонските граѓани. Тие нема да дозволат да паднат под неговите уцени гледајќи го како се штити само себеси и најблиските соработници кои ги претстави како жртви во овој процес, а на крај ги направи „заштитен вид“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.