среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 49

Какви се хороскопските знаци навистина?

Раковите се премногу чувствителни и нереални, додека Лавовите се мошне дрски...

horoskop-1

Поврзани вести

Раковите се премногу чувствителни и нереални, додека Лавовите се мошне дрски…

На сите нам во некои периоди на животот ни изгледа како да сме родени баксузи, а доколку навистина има вистина во тоа и зошто е тоа така, ни открива хороскопот.

Овен

Запнува за тв рдини што неможат да се освојат и не признаваат пораз додека комплетно психички не се уништи. Овенот сака се и веднаш. Ќекањето страшно го заморува, а тактиката му е мисловна именка. Не признава грешки ниту за жива глава, а ретко учи од нив.

Несреќен е кога нема кој да му се восхитува и ги сака оние луѓе што го сакаат и него.

Себичен е и нападен и никогаш не се дава себе си во целост. Оди со глава во ѕид и ретко размислува за последиците од неговите постапки, па често се чуди кога сите неволји од светот ќе му се срушат врз глава. Сепак има дебели рогови за да го штитат и дебела кожа.

Бик

Тој е прилично задоволен со себе си и со неговиот живот, се додека во него не се вмешаат други луѓе. Тој е самозадоволен, молчелив, здодевен, а самиот себе си си создава проблеми за да ја разбие монотонијата. А кога ќе настанат проблемите, се претвора во манијак, кој непресметливо вртка се што ќе му падне под рака и го истура гневот врз сите, без разлика, а најмалку врз оние што најмалку се виновни.

Би бил совршено среќен, кога не би имало други луѓе за да му го креваат притисокот. Би седел на врвот на неговото ритче и би мирисал цвеќе, би ги завршувал своите секојдневни ритуали… Се додека не би умрел од здодевност…

Близнаци

Близнаците важат за превртливци и дволични луѓе со двојни аршини. Велат дека дури и Јуда бил близнак.

За нив е карактеристична љубопитноста и интелегенцијата, но и несериозноста, неодговорноста, недостатокот на концентрација и нервози. Често животот го доживуваат како огра, па остануваат незрели до староста. Притоа често се однесуваат онака како што мислат дека треба, а не онака какви што се навистина.

Кон другите често се однесуваат површно и бегаат од се што е посериозно. Ги туркаат проблемите далеку од очите, за потоа да им се вратат кога најмалку очекуваат, како бумеранг. Кога на сопствена кожа ќе ја почувствуваат онаа иста правда што тие им ја делат на другите, ги колнат сите сили на вселената и денот кога воопшто се родиле.

Рак

Раковите се премногу чувствителни и нереални. Често без некоја видлива потреба ја земаат улогата на жртва, затоа што низ страдањето доживуваат задоволство и катарза.

Поради својата несигурност и неодлучност често не успеваат да ги остварат сопствените соништа и цели па поради тоа се повеќе се тажни. Не се подготвени ниту да работат премногу за да постигнат успех затоа што се брзо им станува здодевно.

Можеби ова е знакот што најчесто се прашува зошто е толку голем баксуз. Всушност неговото страдање нема некоја реална основа. Ракот тоа го сфаќа дури тогаш кога ќе наидат вистинските проблеми.

Лав

Лавот мора да доминира. Не трпи преговори и критики, затоа што смета дека е совршен, безгрешен и заслужено во центарот на вниманието.

Затоа што имаат грандиозни планови и желби, како и комплекс на повисока вредност, на Лавовите често им се создаваат проблеми поради најобичните животни ситуации. Доколку не постигнат нешто навистина големо, за нив целиот живот ќе биде промашен, а себе си ќе се сметаат за баксузи затоа што не успеале да ги остварат сопствените потенцијали.

За своите неуспеси ќе ја обвинуваат ситуацијата, политиката, науката, родителите, пријателите… Се друго но не и самите себе си и ќе бидат мошне дрски…

Девица

Девиците се вешти во решавање на туѓите проблеми и во делењето совети, но неможат сами себе си да си помогнат.

Кога се нервозни чистат – рибаат, гланцаат, полираат, па животниот простор им е дотолку стерилен што нивните гости се чувствуваат помалку непријатно, напнато и неудобно. Склони се се’ уредно да пакуваат во фиоки, да етикетираат, сортираат, а кога нешто се спротивставува на тоа, паѓаат во паника.

Нив животот постојано непријатно ги изненадува. Таман се ќе средат, на килимот ќе се истури чаша вино. Таман ќе ве внесат во нивниот емотивен компас, а вие сте направиле нешто неочекувано и сега повторно мора се да испитуваат, да именуваат… Целиот живот им е исправање нечии „криви дрини“, па често се прашуваат што му згрешиле на Бога за да ги стаса таква судбина.

За другите хороскопски знаци повеќе на следната страница…

Вага

Она што Вагите најмногу ги гризе и ги вознемирува е неправдата. Ја воочуваат насекаде околу себе си, а често ја чувствуваат на сопствена кожа И секогаш постои нешто што им ги ремети мирот и среќата.

Спаѓаат во оние луѓе што прво говорат, па потоа ќе размислат како можеле така да постапат… Им одговараат убави и луксузни нешта… Изгледот им е мошне важен, така што никогаш не се помируваат со знаците на стареење. Тоа за нив е една од најголемите неправди во светот.

Многу сакаат да се играат детективи, да разоткриваат измами да демаскираат лажговци и измамници, само е проблем што сето тоа го сфаќаат премногу лично. За нив и самиот факт дека постојат лоши луѓе е лична навреда. Кога ги решаваат туѓите проблеми, тие ги доживуваат како сопствени. Се сметаат себе си за емпатични личност, но големото прашање е дали воопшто се во состојба да излезат од сопствениот свет и да ги согледаат нештата поинаку.

Скорпија

Одмазднички настроена и пргава… Скорпијата прво ќе ве нападне а дури потоа може и да ве сослуша.

Сопствените проблеми ги решава сама, без ничија помош. Не ја интересира туѓото мислење, ниту пак критиката. Страствена, посесивна, посветена, интелегентна и упорна, скорпијата ќе замине и на крајот на светот, ако посмисли дека тоа е потребно за постигнување некоја цел…

Кон оние што се послаби од неа нема милост. Целиот живот го живее како да е во војна. Се е постојана борба, неволјите се секогаш очекувани и кој неможе да го издржи тоа, не заслужува ниту да живее. Проблемот е што понекогаш и самата може да биде жртва на сопствениот отров.

Стрелец

Тој му се препушта на животот да го носи. Не сака да планира, но речиси секогаш решението на проблемот некако спонтано му се наметнува.

Со оглед на тоа што е склон многу да им верува на луѓето, често му се случува да биде искористен и измамен. Животот за него е едноставно толку поголем од тоа да се занимава со ситни души и со прашањето кој што му мисли, така што станува лесна мета за измамници. Меѓутоа, кога еднаш ќе ги сфати нивните намери, Стрелецот го прекинува секој контакт и ве брка од сопствениот живот.

Иако не планира, умот на стрелецот секогаш е насочен кон иднината. Колку и да е забавен, независен и боем, тој речиси никогаш не ужива во мирот на сегашниот миг, туку се грижи што ќе биде утре. Ако сега е среќен, тој се грижи дали ќе биде среќен и утре. Тоа е тој црв што никогаш не му дава до крај да биде среќен.

Јарец

Тврдоглавите, упорни Јарци никогаш не сакаат да говорат за сопствените проблеми. Се ужаснуваат и од самата пом исла дека понекогаш мора да побараат помош.

До високите положби во општеството и во работата воглавно доаѓаат со сопствен труд, но на луѓето им делуваат студено и незаинтересирано, затоа што несакаат да покажуваат емоции.

Уживаат да се надмудруваат и добиваат комплекс кога ќе видат дека некој друг има нешто што тие силно го посакуваат а го немаат. Тогаш сите свои сили ги впрегнуваат во тоа да бидат подобри, а всушност излегуваат неверојатни баксузи. Самоувереноста и невнаманието во односот со луѓето може скапо да ги чини.

Водолија

Водолиите се хумани, верни и несебични. Колку и да се овие особености добри, во нивниот случај тие често им се удираат од глава. Не поднесуваат лицемерие и цврсто се држат до сопствените принципи, а понекогаш дури и против самите себе си. Кон себе си дури се и најстроги.

Со задоволство ќе ви позајмат пари, па ако тоа и го направат од нивната заштеда за црни денови, затоа што за нив парите немаат претерана вредност. А ако останат без пари, кукаат поради лошата судбина и го молат бога да им даде малку повеќе среќа.

Риби

Рибите сами за себе се проклетство. Слабо контактираат со реалноста, па постојано упаѓаат во незгодни ситуации. Врз негативните животни околности реагираат бурно и непресметливо.

Тие во сопствената глава имаат зацртано како треба да изгледа нивниот живот и како совршениот свет треба да функционира. Со оглед на тоа што реалноста постојано им  се спротивставува во тој поглед, тие таа иста реалност во пијана состојба ќе се обидат да ја совладаат.

Кога ќе се најдат пред некој проблем што тешко се решава, секогаш на сила ќе се обидат проблемот да го доведат на сопствена територија, во нивниот свет каде владеат поинакви закони на физиката, математиката, духовноста… Ова е особено изразено кога се под дејство на алкохол или кога се понесени од емоциите…

Најчитани вести