Какво точно е новото супероружје на Русија?

Руската државна новинска агенција ТАСС публикува материјал за новите оружени системи, нивната изработка, усовршување и нивното успешно тестирање, за кои претседателот на Русија, Владимир Путин, зборуваше во неговото годишно обраќање пред Федералното Собрание – говор кој предизвика остри реакции во меѓународната јавност.

Во обраќањето на почетокот на месецов, Путин освен за економски, меѓународни и социјални теми се осврна и на прашања за одбранбената способност на неговата земја, при што зборуваше за изработка на стратешки и хиперзвучни оружја и оружени системи, кои работат на нови принципи во Физиката. Тој напомена дека со оглед на перспективите за идните развивања на вооружување, главните информации за новите оружја се чуваат во строга тајност.

Потенцирам дека произведените нови стратешки оружја се целосно нови видови, а не усовршувања на резерви на СССР, рече Путин одбележувајќи дека сето тоа за кое зборува е резултат на долгогодишна работа на десетици научни организации, бироа и институции.

Рускиот претседател, исто така, потсети дека поседувањето на суперсонично оружје „дава сероозна предност во областа на вооружената борба“. Тој информираше и за разработувањето на небалистички стратегешки оружја (т.е. такви, кои немаат балистички полетни траектории при придвижување кон целта), односно кои целосно ги збунуваат системите за противоракетна одбрана.

Според рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, усвршените оружја, за кои зборува Путин, ќе го „пробијат“ ракетниот штит на САД. Оружјето создадено во Русија е најмодерно и е со години пред своето време, во некои сегменти дури и со децении.

Она што денеска се прави во Полска, во Романија, и во Аљаска, а е создадено во Јужна Кореја и во Јапонија, е чадорот, ракетниот штит кој всушност е полн со дупки. Не знам зошто за тие пари им треба таков чадор, вели Шојгу.

Игор Коротченко, главен уредник на магазинот „Национална одбрана“, коментирајќи го говорот на Путин, вели дека сите тие нови руски вооружени системи ги прават безсмислени напорите на САД во областа на противоракетната одбрана, ја демонстрираат американската рналивост и го „шокираат Пентагон“. Американскиот противракетен систем ќе биде неефективен против новите видови оружја, со кои располага Москва, убеден е Коротченко.

Сметам дека претседателот ги објави новитетите за да ја покаже ранливоста на американската територија, и покрај нивниот огромен воен буџет, и да потенцира дека тие неможат да не’ нападнат без да бидат казнети. Тие оружја ќе го ѓокираат и Пентагон и ЦИА, бидејќи Путин ги објави јавно, вели Коротченко.

„Сармат“ – без ограничувања на дострелот

Зборувајќи за конкретни оружја, Путин почна со информација за почетокот на активната фаза на тестирањето на усовршениот ракетен систем „Сармат“. Тој ќе го замени комплексот P-36M2 „Воевода“ (Бодеж), создаден уште од времето на СССР. Според рускиот претседател, „насекаде ја признаваа неговата боева моќ, нашите странски колеги му даваа дори и многу опасни имиња, но способностите на новата ракета „Сармат“ са многу поголеми, рече Путин.

Рускиот претседател презентираше и видео, кое даде претстава за основните карактеристики на „Сармат“ и најважното – без ограничувања во досегот на летот. За разлика од новиот систем, „Воевода“ има дострел од 11.000 километри. Според Путин, новиот комплекс „е способен да атакува цели како на Северниот, така и на Јужниот пол“. „Сармат“ е застрашувачко оружје, чии карактеристики не се споредливи со ниту еден од моментните слични ракетни системи, категоричен беше рускиот претседател.

Авијацискиот ракетен систем „Кинжал“

Важна етапа во унапредувањето на вооружувањето е и создавањето на високопрецизен хиперзвучен авијациски ракетен система. Од 1 декември 2017 година, во Јужниот воен округ на руската армија, ставен е во употреба комплексот „Кинжал“. В рамките на говорот на Путин беа демоснтрирани кадри од тестирањата на системот, на кои можеше да се види улогата на ултра брзото летало, споредено со суперсоничниот „МиГ-31“. На покажаната снимка ракетата лета со суперсонична брзина, потчно ја надминува брзината на звукот дури за 10 пати.

Тоа и’ дозволува гарантирано да ги избегне сите постоечки, а според мене и идни системи за противракетна и противвоздушна одрбана. При тоа таа патувајќи кон својата цел може да биде опремена со нуклеарни и со конвенционални боеви глави, а дострелот и’ е 2.000 километри.

Подводен беспилотен уред

Путин ја спомена и темата за беспилотни оружени системи, кои моментно се проектираат и се создаваат низ светот. Таа техника ја разработува и Русија – беспилотен подводен уред, способен да се движи на огромна длабочина има неограничен опсег на движење.

Би кажал, на многу голема длабочина и со меѓуконтинентален опсег на движење, со брзина која ја надминува онаа на најдобрите подморници, торпеда и на сите други видови подводни пловила, па дури и на најбрзите бродови. Тие уреди имаат ниско ниво на звук, високи маневарски способности и практично се неранливи за пративникот, потенцира рускиот претседател, и дополни дека според него нивното усовршување е „едноставно фантастично“.

Тој вели дека тие беспилотни подводни уреди може да бидат опремени како со конвенционална, така и со нуклеарна муниција. Тоа им овозможува да опфатат широк спектар на цели, вклучително и воени фортификации и инфраструктура на бреговите.

Резултатите од спроведените тестирања ни дадоа можност да пристапиме кон создавањето на нов вид стратешко оружјео, опремено со нуклеарна мунициија и со огромна моќ, заклучи рускиот претседател.

Крилна ракета со нуклеарна инсталација

Русија содзала и малогабаритна супермоќна нуклеарна бомба-ракета, која може да биде пренесувана на крилата на ракетите, што практично и овозможува неограничен дострел и неранливост од противракетните системи и од противвоздушната одбрана на противникот.

Почнавме разработување на нови видови стратешки оружја, кои не користат балистичка траекторија, кога се движат кон својата цел, и како последица на тоа системите за противракетна одбрана во борба против нив се бескорисни и едноставно се безсмислени, рече Путин и дополни дека тие современи оружја се плод на најновите унукатни достигнувања на руските научници, конструктори и инжинери.

Суперсоничниот „Авангард“

Друго технолошко дозстигнување е создавањето на стратешкиот ракетен комплекс со фундаментален нов вид на боево опремување. Неговите тестирања се, исто така, успешно завршени. Името му е „Авангард“. Комплексот може да се движи низ густи слоеви на атмосферата со суперсонична брзина од над 20 маха. Кога се движи кон својата цел, тој извршува длабоки маневри – странични и височински, што го прави недофатлив за противракетните системи и противвоздушните одбрани на противникот, вели Путин.

Тој потенцира дека вистинскиот облик на ова оружје неможе да биде откриен, од „разбирливи причини“.

Оружја, кои работат на нови принципи во Физиката

Системите за вооружување, кои работат на нови принципи во Физиката, вклучително и ласерското оружје, значително ги рашируваат можностите на Русија во сферата на безбедноста, категоричен е рускиот претседател.

Добро знаеме дека дузина држави работат на создавање на оружје со нови принципи во Физиката. Имаме црвсти основи да претпоставиме дека и тука сме направиле чекор напред. Во сите случаи, каде тоа е неопходно. Суштински резултати се постигнати во создавањето на ласерско оружје, и тоа не во рамки на теорија или на проект. Дури не е ни на почетокот на производство. Од лани во армијата веќе се во функција боеви ласерски системи. Не сакам да навлегувам во детали, едноставно сега не е момент за тоа. Но, експертите разбираат дека достапноста на такви системи ги рашируваат значително можностите на Русија во сферата на безбедноста, потенцира првиот човек на Руската федерација.

Новите принципи во Физиката е условен термин, осмислен да истакне дека вредните фактори на оружјата се засноваат на процеси и феномени, кои претходно не биле користени за воени цели. Како пример за оружје кое работи на нови принципи во Физиката, може да се посочат усовршувањата на електромагнетни оружја, ласерски оружја, управувачка електронска муниција, ултра високи фреквенции, ултразвучни и други типови оружја.