Какво вино сакаат хороскопските знаци?

Црно, бело, розе, младо или старо, во какво вино уживаат хорорскопските знаци.

Овој хороскоп е дело на еден од најпознатите американски астролози Дарел Мартини, кој и самиот е голем љубител и познавач на виното.

На Овните најмногу им лежи вкусот на Pinot Grigio – извонредна сорта за оние кои допрва ја откриваат сопствената страст кон енологијата. Мошне разбирливо за Овните во хороскоп кои се во вечна потрага по нова инспирација.

Земјениот аспект на овој хороскопски знак, прави Бикот да бара вино кое е мошне цврсто врзано за конкретна територија (terroir) и за него составот и карактеристиките на земјиштето се мошне порелевантни од останатите фактори. Со оглед на тоа што Бикот сака да истражува, мошне лесно ќе се заљуби во сортите кои доаѓаат од Новиот Свет. Затоа, за Биковите избраната сорта ќе биде дефинитивно Syrah.

Интелектуалниот дуализам на Близнаците совршено се поклопува со сортата Zinfandel, исто така позната како сорта со две лица. Белиот Zinfandel со слаткасти ароми на јагода ги отвора вратите за голем број нови винољубци. Црвенот, пак, со капинест и биберкаст шмек е просто неодолив за Близнаците.

Ракот без многу размислување ќе го одбере Sauvignon Blanc. Овој префинет Бордо вариетет е доволно изграден и стабилен, па како Ракот, никој не може да го исфрли од рамнотежа кога емоциите се во прашање. Напротив, како што ракот совршено ги контролира чувствата, така и Sauvignon-от оддржува совршен баланс.

Меѓу сите хороскопски знаци, Лавот најлесно може да го поврземе со балони и забава, па затоа изборот на сорта за овој знак е едноставен – Champagne. Во прекрасниот свет на задоволства, замаглен од налеаното пенливо вино, Лавот е секогаш подготвен да отиде чекор подалеку, во сферите на повисоките задоволства.

Pinot Noir – вино за оние кои сакаат да анализираат. Вино кое е спремно веднаш после бербата да ви пружи врвно задоволство, исто како и Девицата. Притоа, винарот секогаш има можност уште еднаш да размисли во кој правец ќе се развива виното – дали ќе преовладее аромата на сушените сливи или длабокиот тон на зрелите цреши.

Без размислување, Вагата ќе ја плати високата цена на шишето врвно избаланситан и ароматичен Reisling со нагласени цветни призвуци и со него целата конверзација на масата ќе ја впие во себе и за себе. Остатокот од вќерта ќе се зборува само за испиеното вино.

Идеалното вино за Скорпиите препуштени на брановите на судбината, оние кои не знаат да запрат и кои се истакнуваат како гусарско знаме на врвот на јарболот е Petite Sirah. Ова вине е „без остаток“, длабоко обоено како и знакот на кој му прилега. Со сите свои вариетети на боја, вкус, текстура и арома – ова е најтешкото вино кое никогаш нема да можете да го исперете од кошулата и спомените.

Стрелецот  го наоѓа својот совршен одраз во Rose-то меѓу вината. Може да биде сè што ќе посака, но сепак на крајот приказната завршува недораскажана. Со други зборови, колку и да не ви се допаѓа целата таа неозбилност, размислете каков би бил светот без сите оние неодговорни но слатки, симпатични и спремни да ги преземат на свој грб сите беди на овој свет.

Јарецот игра на сигурно и проверено – Bordeaux. Без многу премислување, Јарецот го избира она на што секогаш може да смета и што покажува способност да добива на квалитет со стареењето. Кога Bordeaux е во прашање, секој вложен денар се исплати.

Merlot – бидејќи способноста сопствените квалитети да ги сподели несебично и топло со останатите ја сместуваат оваа сорта вино во најдобар содружник на голем број останати сорти при блендирањето на виното. Исто како и Водолиите.

За Chardonnay како и за Рибите, се вели дека како да се извлечени од волшебен магионичарски шешир. Некогаш е толку питко што е тешко да поверувате. Ова вино се појавува во толку различни форми, што е тешко да му го фатите крајот, па може да ги измами и најдобрите познавачи на винскиот свет. Многу врвни експерти се измамиле во изборот, мислејќи дека играат на 100% сигурна карта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.