Какво време ќе имаме за дочекот Нова Година?

Иако многумина посакуваат и се надеваат сепак шансите да имаме снег и во градските средини за Нова година, а потоа и за Божик се сведени на нула.

Според продолжената временска прогноза на 31-ви декември може да очекуваме умерено облачно време со солидна дневна температура од девет степени Целзиусови со слаб и променлив ветар

Во текот на новогодишната ноќ се очекува исто така облачно време со температура до минус еден степе со слаб ветер, што би можело да се покаже како добро време доколку планирате да ја дочеката 2014 година на градскиот плоштад или некаде на отворено.

Сонце со малку облаци и пријатна, но не многу висока, температура од осум степени не очекува на првиот ден од новата година.

Слично време, според интернет страница на Weatherunderground не очекува се’ до Божик.