Какво време не очекува денеска?

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од  минус два до три, а дневната од 14 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура до 16 степени.