понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 48

Какво време не очекува денеска?

sneg1

Последни вести

Облачно време не очекува денеска во земјава. Наутро се уште ќе „провејува“ слаб снег на планините, додека низ котлините е можно сосема на кратко, слабо да пророси дожд мешан со снег.

Попладне може да се очекуваат нови врнежи, но поради јужното влијание, овие врнежи на пониските места ќе бидат од дожд, а снежната граница на повисоките места ќе се поместува нагоре по висина, пишува порталот за временска прогноза Метеопро.мк.

Наутро нема да биде особено студено. Минималната температура ќе се „држи“ во дијапазонот од -3°С до 0°С во поголем дел од котлините.

Дневната максимална температура во поголем дел од котлините ќе има вредност помеѓу 3°С и 5°С,а на повисоките места од 0°С до 2°С. Југоисточниот крај ќе биде потопол, околу 7°С.

 

Најчитани вести