Какво време не очекува денеска?

Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно, во јужните делови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во првата половина од денот. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната температура до 27 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и топло време