Какво време нè очекува денеска?

Променливо облачно време не’ очекува денеска во Македнија. Синоптичарите најавуваат сончеви периоди, но и слаб локален снег во западните делови, кој кон југ ќе преминува во дожд. Кон крајот на денот во југоисточните делови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од два до седум степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно, преку денот со краткотрајно наоблачување и со услови за слаб снег на повисоки места, а дожд на пониските. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до четири степени.

Утре преку денот и особено од попладне ќе започнат врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер со што ќе започне неколкудневен врнежлив период, но и период на постепен пораст на дневните температури. Утринските температури ќе бидат претежно во интервал од минус три до три, иако до вторник тие благо ќе се покачат. Се најавува постепено затоплување на времето од понеделник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.